Работилницата “Родово-одговорно креирање локални програми и буџет” за претставници на јавната администрација и граѓанскиот сектор од Прилеп и Крушево се одржа во Прилеп, 17 февруари 2023.
Работилницата е во рамки на проектот “Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот на Прилеп и Крушево” поддржан од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција и нивните партнери преку акцијата “Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведска.