Ново детално истражување на #неформалната економија во Северна Македонија открива важни сознанија и препораки за политикиte.
Клучни наоди:
Непријавена работа: Сочинува околу 21.1% од вкупниот трудов #инпут, со значајно присуство во #преработувачката индустрија и #градежниот сектор.
Непријавување приходи: Домаќинствата не пријавуваат приближно 9.7 милијарди денари, при што непријавувањето на приходи од #вработување е на ниво од 3.7%, додека приходи од #наемнина имаат висока стапка од 70.4%.
Секторски динамики: Во преработувачката индустрија позастапено е под-пријавувањето на #плати (т.н. плата во плико), додека кај градежништвото и трговијата позастапени се целосно непријавени #работници.
Целни интервенции: Препораките вклучуваат поттикнување #стартапи во сектори со ниска продуктивност, понуда на таргетирана #финансиска помош и подобрување на механизмите за #мониторинг за ефикасно справување со непријавена работа и непријавувањето приходи.
Информирајте се за најновите економски наоди и препораки за политики за поттикнување на одржлив развој и формализирање на неформалната економија! #ЕкономскоИстражување #ПрепоракиЗаПолитиките #НеформалнаЕкономија
За повеќе детали, прочитајте го целото истражување: rb.gy/77jkpd!