Целта на проектот е да се подобри животниот стандард и социјалната вклученост, и да се намали сиромаштијата во Крушево, преку здружување (мини-кластеринг) на жените за производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки, и производи од домашна ракотворба.
Краткорочните цели вклучуваат:
- Поттикнување на социјалното вклучување и интеракција преку здружување на индивидуалните производители, невработени домаќинки;
- Промовирање на свеста за инвестирање во своите вештини за извлекување од сиромаштија и подобрување на животот;
- Воспоставување систем за производство и промоција на локалните производи и производите од домашна ракотворба, со цел да се поттикне и да се зголеми производството, продажбата и промоцијата;
- Јакнење на свеста меѓу креаторите на политиките за потребата од мини-здружување на индивидуалните производители на традиционална храна, како алатка за промовирање на локалниот економски раст и подобрување на социо-економските услови.
Донатор: Амбасадата на САД во Скопје
Времетраење: 2014-2015 (12 месеци)
Обука за производни, маркетинг и продажни вештини – Галерија 1 – Галерија 2 – Галерија 3
Учество на Новогодишниот базар “Craft Art Fest” – Галерија
Саем „Домашно е, од Крушево е…“ – Галерија