Овие средби се најчесто од локален карактер и се важна алатка во спроведување на нашите локални акции. Средбите со градоначалниците најчесто се однесуваат на координирање на работата во доменот на локалните политики и финансиската транспарентност. Таун-хол средбите вклучуваат поширока палета на локални чинители, како претставници на општинската администрација, локалната бизнис заедница, локалната НВО заедница, локалните медиуми итн.