СОВЕТОДАВЕН ОДБОР

Советодавниот одбор на Finance Think е соствен од истакнати дејци во економската мисла во земјата и странство. Целта на советодавниот одбор е да го советува Главниот економист за програмските насоки на здружението и да помогне во профилирањето на високо стручни и кредибилни препораки за носителите на политиките, базирани на истражувачки докази. Советодавниот одбор е воспоставен на 1 јануари 2013 година, со мандат од 5 (пет) години. Одборот брои најмалку 3, а најмногу 10 членови.

Тековниот состав со мандат 2023-2027 е следниот:

Д-р Хорхе Давалос

Партнерство за економски политики - Канада
Применета економетрија

Пеги Парфеноф

Global Ties U.S., САД
Управување со непрофитни организации

Проф. д-р Кори Удовички

Центар за напредни економски студии - ЦЕВЕС, Србија
Развојна економија

Проф. д-р Хурие Абази-Алили

Универзитет на Југоисточна Европа, Северна Македонија
Макроекономија

Составот од претходниот мандат 2018-2022 е следниот:

Проф. Ирај Хаши

Стафордшир Универзитет, Велика Британија
Економија, иновации, конкурентност – CV

Д-р Маја Мицевска-Шарф

Вебстер Универзитет
Економика на труд, Развојна економија – CV

Д-р Ги Лакроа

Универзитет од Лавал Квебек, Канада Економика на труд – CV

Д-р Роман Хорват

Карлов Универзитет, Чешка
Развојна економија – CV

Д-р Хорхе Давалос

Универзитет дел Пацифико Лима, Перу
Применета економетрија – CV

Д-р Ел-хаџ Бах

Африканска развојна банка
Развојна економија – CV

Д-р Бралинд Кири

Универзитет од Екстремадура, Шпанија
Економика на образование, Индустриска организација – CV

Д-р Игор Величковски

Народна банка на Република Македонија
Универзитет Американ Колеџ Скопје
Применета економија: Монетарна економија и финансиски пазари – CV

Д-р Горан Петревски​

Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје
Економија, Банкарство – CV