РЕГИОНАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА
Регионалната канцеларија Пелагонија од Finance Think е основана во март 2020 година, како организациска единица на Институтот.
Мисија
Целта на Регионалната канцеларија Пелагонија е да го помогне регионалниот и локалниот економски развој и да влијае врз креирање и спроведување ефективни локални политики и акции во Пелагонискиот регион и неговите општини.
Регионалната канцеларија Пелагонија ја остварува својата цел преку истражувања, локални акции и поттикнување свесност и критичка дебата за локалните демократски и економски процеси.
Регионалната канцеларија Пелагонија дејствува во рамки на статутарните цели, мисијата, визијата и програмските области на Институтот.
Седиште
Ул. Архиепископ Доситеј 1/3
7500 Прилеп
