ОПШТИНСКИ ФИНАНСИИ И ПОЛИТИКИ
Целта на оваа истражувачка програма на Finance Think е да се осмислат локални политики и буџет кои се погодни за локалниот развој и благосостојбата на граѓаните и локалните заедници. Особено се спроведуваат програми засновани на заедницата. Истражувачката програма екстензивно го користи партиципативниот метод.
Во рамки на оваа програма се спроведуваат следните проекти:
Поттикнување критичка и заснованa-на-докази дебата за буџетските процеси и фискална транспарентност
Цел: Зголемување на демократијата преку проширување на фискалната транспарентност на национално и локално ниво во Северна Македонија. Акцијата има за цел да придонесе кон целите на Меѓународното буџетско партнерство (IBP)
Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево
Општата цел на акцијата е да се поттикне родово-одговорно планирање кое одговара на различните потреби на жените и мажите на локално ниво.
Буџет за сите: Граѓански консултации за креирање буџет според локалните потреби
Целта на проектот е вклучување на сите жители на општина Крушево во процесот на креирање на локалниот буџет.
Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки
Главната цел на проектот е „Да се зајакне мрежата FISCAST во мониторингот на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки“. Оваа
Дијагностика на вработувањето во општините во Северна Македонија
Целта на проектот е се изврши дијагностика на пазарот на трудот во девет општини во Северна Македонија. Клиент: Меѓународна организација на трудот
Брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и поддршка на локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите
Целта на овој проект е да обезбеди поддршка во развојот на брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и да го поддржи локалното планирање и буџетирање како