Finance Think беше прогласен за општествен иноватор во областа на родовата еднаквост. Институтот ја освои Првата награда на конкурсот на Обединетите нации и Министерството за надворешни работи на Македонија, по повод одбележувањето на 68 години од основањето на Светската организација и 20 години од пристапувањето на Република Македонија во ОН.
Поконкретно, беше наградена идејата за воспоставување на интернет платформа која ќе им помогне на компаниите и поединците во тестирањето на нивните плат со цел да се елиминира родовата дискриминација во плаќањата. Ова иновативно решение треба да доведе до елиминирање на родовите нееднаквости во платите на ниво на земјата на среден рок.