МИСИЈА

Finance Think е независен и непрофитен институт за економски истражувања и политики, основан во 2012 година.

Нашата Визија

Да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре.

Нашата Мисија 

Да го подобриме влијанието на економските, социјалните и развојните трендови и политики врз граѓаните во Северна Македонија и регионот на Западниот Балкан, преку истражувања, застапување базирано на докази и водено од податоци, и поттикнување критичка дебата за демократските и економските процеси.

Истражувањето на Finance Think им помага на носителите на политиките, застапниците на политиките, креаторите на мислење, економските новинари и јавноста да ги разберат прашањата кои влијаат врз обичните граѓани.

Врз основа на статутот, Finance Think се стреми да постигне три статутарни цели. Тие се:

  • Да произведе докази, базирани на економски истражувања и водени од економски податоци. Поточно, оваа стратешка цел се заснова на спроведување првокласни економски – емпириски и ориентирани кон политиките – истражувања, засновани на доволна теоретска основа и спроведени со најсовремени економски методи, притоа релевантни и корисни за домашните и/или регионалните носители на економска политика.
  • Да се зголеми ефектот што работата на Finance Think го има врз економските политики, реформите и општеството. Поточно, оваа стратешка цел е заснована на премисата дека работата на Finance Think е направена за доброто на општеството, канализирана преку влијание врз процесот на формулирање и имплементација на политиките, преку влијание врз дискурсот на јавната дебата и преку директно влијание врз вештините и работа на непосредните целни групи.
  • Да се негува силен институционален капацитет на Finance Think, за да влијае врз економските реформи и да ги зајакне ефектите што економските политики ги имаат за граѓаните; и да го зајакне сопствениот капацитет за регионално влијание и лидерство. Поточно, оваа стратешка цел е заснована на премисата за постојана инвестиција во градење капацитети и мрежи, организациски и индивидуални, со цел подобро истражување, зголемена домашна и меѓународна видливост и зголемена вкупна репутација. Оваа стратешка насока се заснова и на неизбежниот процес на регионализација на нашата работа, како средство за остварување на нашите цели и во регионот на Западен Балкан.