Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.

Анализираме дали и како дознаките влијаат врз социјалната состојба (стабилност или ранливост) на домаќинството, опишана преку индекс составен  од доходот/примањата, работниот статус, исраната, здравјето и условите на домувањето. За целите на студијата, имаме за цел да ја дефинираме социјалната стабилност / ранливост не во традиционална смисла – само како “долар на ден” – туку во однос на способноста на домаќинствата да ги задоволат своите основни потреби покрај примањата: исхрана, здравствена заштита, домување, рекреација и слично. Ова допира до она што Green (2014) го забележа: “да се биде сиромашен и болен е многу различно од да се биде сиромашен и здрав”, и ја дефинира социјалната стабилност во оваа мултидимензионална рамка.

Клучните задачи вклучуваат:

  • развивање преглед на литературата што ги поврзува дознаките од странство со социјалната заштита и социјалната ранливост;
  • осмислување показател за социјалната ранливост;
  • економетриско испитување на причинско-последична поврзаност меѓу дознаките и социјалната ранливост;
  • длабинско квалитативно истражување преку интервјуа на врските контекстите на двата феномени (дознаки и социјална ранливост);
  • осмислување предлози за политики;
  • широка комуникација со креаторите на политиките и јавноста.

 

Донатор: Регионална Програма за Унапредување на Истражувањето

Времетраење: 2 години (2014-2016)

 

***

Проектна средба, Рим, 2-5 април 2015 – Агенда – Галерија

Појавување во медумите – Економски хоризонти – РеволуционерМК

Презентација на РРПП Годишна конференција, Охрид, 28-29 Мај 2015 – Ресурси

Тркалезна маса, 10 јуни 2015 – Покана– Agenda – Галерија– Презентација

Меѓународна конференција на Евроазиските Економии, 9-11 Септември 2015, Казан Русија – Презентација – Proceedings

Обука & Проектна средба, Амстердам, 16-20 март 2016 – Агенда – Галерија 1 2

Работилница “Миграцијата и нејзините последици за Албанските домаќинства”, Eлбасан, Aлбанија, 8 септември 2016 – Агенда

EBES Меѓународна конференција, Виена, Австрија, 28-30 септември 2016 – Слика

Економски форум, Скопје, 22 септември 2016 – Агенда– Галерија

 

***

Брифови за политиките – Македонија– Албанија– Србија

Меѓународна книга ”Миграцијата како социјална заштита”

Труд во списанието Меѓународна миграција

 

Recommended Posts