МЕМОРАНДУМИ СО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Меморандум за Разбирање со Општина Крушево

Finance Think потпиша Меморандум за Разбирање со Општина Крушево (www.krusevo.gov.mk). Меморандумот ги наведува следните начини за соработка:

  • Партнерско и/или заедничко аплицирање за проекти што спаѓаат во заедничкиот домен на дејствување;
  • Партнерско и/или заедничко спроведување на проекти кои се иницирани од една од партнерските страни или се иницирани и/или поддржани од трета донаторска страна;
  • Соработка во креирање стратешки документи во делот на локалниот економски развој;
  • Соработка во облагородување на персоналот со вештини и знаења неопходни за активностите на локалниот економски развој;
  • Техничка соработка за дисеминирање информации до заинтересирани страни и целни групи;
  • Соработка за меѓусебна промоција на активностите кои спаѓаат во доменот на мисиите на двете страни;
  • Други форми на соработка кои го јакнат капацитетот, интегриртетот и имиџот на двете страни.

Меморандумот влезе во сила на 26 Октомври 2013 сњо иницијална важност од една година и автоматско обновување ако страните го оценат напредокот како задоволителен.

Blagica Petreski, our Chief Economist, signs the MoU with the Mayor of the Municipality of Krusevo, Mr. Gjorgi Damceski