МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА

Finance Think потпиша Меморандум за соработка со Фискалниот совет на Република Северна Македонија.

Д-р Глигор Бишев, претседател на ФС и д-р Благица Петрески, Извршен директор на ФТ го потпишуваат Меморандумот во просториите на ФС.

Finance Think потпиша Меморандум за соработка со Државниот завод за статистика.

Г-ѓа Лидија Костовска, Директор на ДЗС (средина) и г-ѓа Благица Петрески, Извршен директор на ФТ (десно) го потпишуваат Меморандумот во просториите на ДЗС. Г-дин Дејан Станков, Заменик директор на ДЗС (лево) присуствува на церемонијата.

Finance Think потпиша Меморандум за соработка со Народната банка на Република Македонија.

Меморандум за Разбирање со Општина Крушево

Finance Think потпиша Меморандум за Разбирање со Општина Крушево (www.krusevo.gov.mk). Меморандумот ги наведува следните начини за соработка:

  • Партнерско и/или заедничко аплицирање за проекти што спаѓаат во заедничкиот домен на дејствување;
  • Партнерско и/или заедничко спроведување на проекти кои се иницирани од една од партнерските страни или се иницирани и/или поддржани од трета донаторска страна;
  • Соработка во креирање стратешки документи во делот на локалниот економски развој;
  • Соработка во облагородување на персоналот со вештини и знаења неопходни за активностите на локалниот економски развој;
  • Техничка соработка за дисеминирање информации до заинтересирани страни и целни групи;
  • Соработка за меѓусебна промоција на активностите кои спаѓаат во доменот на мисиите на двете страни;
  • Други форми на соработка кои го јакнат капацитетот, интегриртетот и имиџот на двете страни.
Blagica Petreski, our Chief Economist, signs the MoU with the Mayor of the Municipality of Krusevo, Mr. Gjorgi Damceski