Finance Think станува дел од новата глобална иницијатива предводена од People Powered и финансирана од National Endowment for Democracy. Додека владините реформатори се’ повеќе обезбедуваат учество на јавноста во одлучувањето, маргинализираните групи премногу често се изоставени или исклучени. Ова го ограничува влијанието на демократските иновации. Програмата ќе ја направи партиципативната демократија поинклузивна за младите, жените и раселените лица (вклучувајќи бегалци, имигранти и внатрешно раселени лица).
Активностите на иницијативата, кои се протегаат до првиот квартал на 2024 година, ќе вклучуваат:
- Работилници и состаноци меѓу организациите членки на People Powered кои имаат моќ за да ги идентификуваат најдобрите практики да ја направат демократијата партиципативна.
- Креирање онлајн курсеви и ресурсни материјали за да им се помогне на организациите да ги имплементираат најдобрите практики.
- Развој на мултимедијални приказни кои го оживуваат човечкото влијание на оваа работа, за да убедат повеќе влади и организации да го направат учеството поинклузивно.
Повеќе за проектот на следниот линк.