Finance Think учествуваше на 9-тиот Форум на граѓанското општество во Западниот Балкан, кој на 19 и 20 октомври 2023 се одржа во Солун, Република Грција, во организација на EESC – European Economic and Social Committee.
Во фокусот на Форумот беа #вештините и Младинската гаранција, како и #зелената агенда, кои се составен дел на нашите истражувачки програми.
Форумот собра 120 учесници, вклучително и широк спектар претставници на граѓанското општество од ЕУ и Западен Балкан, како и претставници на институциите на ЕУ, меѓународните организации и владите од регионот.