Finance Think учествува на 8. Форум на граѓански организации за Западен Балкан во организација на Европскиот економски и социјален комитет – EESC – European Economic and Social Committee.
Форумот ги дискутира предизвиците во процесот на пристапување, пост-ковид економското закрепнување, регионалната економска интеграција, социјалниот дијалог и придонесот на граѓанските организации во овие процеси.