Благица Петрески, претставувајќи го Finance Think учествуваше на расправата во EEESC – European Economic and Social Committeeза подобрување на фискалната транспарентност! Врз основа на искуството од последнава #деценија и најдобри #практики имплементирани од Finance Think, клучните теми кои беа дискутирани вклучија:
Застапување базирано на податоци: Користење докази за поттикнување промени.
Достапно буџетирање: Поедноставување комплексни податоци со кориснички алатки, како што е платформата FISCAST (www.fiscast.mk).
Партиципативно буџетирање: Вклучување на граѓаните во одлуки за буџетот, со фокус на случајот на партиципативното буџетирање во Северна Македонија.
Нашата работа значително ја подобри транспарентноста и вклученоста на граѓаните во земјава.