Целта на проектот е да развие онлајн механизам/алатка и да покрене свесност за поголема праведност во плаќањата помеѓу мажите и жените во Македонија.
Краткорочни цели:
- Да изгради интернет платформа ЕдПлаКо-МК, на којашто секоја индивидуа и институција ќе може, врз база на своите карактеристики, да ја оцени сопствената плата;
- Да го популаризира ЕдПлаКо-МК помеѓу фирмите и државните институции во Македонија, како „етикета“ чие стекнување ќе го обележи работодавецот како фер плаќач;
- Да дизајнира мини прирачник за користење на ЕдПлаКо-МК и истиот да го дисеминира до вработените и индните вработени, со што ќе ја зголеми неговата полуларност на индивидуално ниво;
- Да лобира за вградување на лиценцирањето кај ЕдПлаКо-МК кај владините институции (главно, во Стратегијата за родова еднаквост).
Донатор: Програма за развој на Обединетите Нации
Времетраење: 2014 (6 месеци)
***
Видео – Родовиот јаз во платите во Македонија низ перспективата на 5 жени