ЧЛЕНСТВА

People Powered

Член од: Јули 2020

Цел на членство. Членството има за цел да ја поддржи мисијата на Хабот да ја зголеми моќта на луѓето да донесуваат одлуки.

CAMMIGRES – Кембриџ мрежа за миграциски истражувања

Член од: Март 2016

Цел на членство. Членството цели да овозможи платформа за истражувања и дискусија за тематските прашања покриени од мрежата: влијанијата од минатата и сегашната миграција во врска со човековата еволуција и развојната, социјалната, правната и економската политика, владеењето, професионалното знаење, институционалната практика и социјалите врски.

International Budget Partnership

Член од: Ноември 2015

Цел на членството. Членството има неколку цели: i) пристап до платформа за соработка со носителите на политиките за буџетски прашања; ii) да придонесе за глобалната работа кон отворени буџети; iii) да обезбеди пристап до меѓународно-споредливи податоци; iv) вмрежување со слични организации.

Европска Повелба за Истражувачите

Член од: 07.03.2013

Цел на членството. Потпишувањето на Повелбата има неколку цели: i) да поддржи промена во работната истражувачка култура; ii) да го приклучи “Finance Think” на пан-европската мрежа од истражувачи и истражувачки организации; iii) да стимулира поволна работна средина за истражувачи; iv) да покаже дека “Finance Think” се грижи за своите истражувачи / вработени; и v) да донесе корист од меѓународната видливост преку имплементација на Стратегијата за човекови ресурси за истражувачите (HRS4R).

UNCTAD Virtual Institute – Женева

Член од: 18.02.2013

Цел на членството. Ова членство има неколку цели: i) Да отвори нови прозорци на размислување и соработка; ii) Да ја подобри нашата експертиза во истражување во сферата на трговијата и развојните проблеми; iii) Да обезбеди форум за градење истражувачки мрежи; iv) Во перспектива, да помогне во развивање обуки за професионалци во кспертските област на Vi институтот.

EDIRC-IDEAS/REPEC

Член од: 01.02.2013

Цел на членството. Да понуди платформа за комуницирање на резултатите од истражувањата и да не` поврзе со глобалната заедница на економски истражувачи.

Global Youth Networks

Член од: 15.03.2013

Цел на членството. Да понуди платформа за размена на идеи, совети, подучување, директна акција и поддршка во однос на прашањата важни за областа и имплементацијата на одржливиот развој на младите.