#Foresight работилница во Берлин

Нашата Благица Петрески учествуваше на работилница за предвидување, „Иднината на Западен Балкан во 2043 година“, во Берлин, Германија, 5-6 јули 2023, во организација на Aspen Institute Germany.
Повлекувајќи се од краткорочното размислување и дневните наслови, работилницата целеше да развие стратешки пристапи со долгорочен фокус на мирот, просперитетот и интеграцијата во #ЕУ.

Нашата Благица Петрески стана Истражувачки соработник на ПЕП

Нашата извршна директорка Blagica Beba Petreski е избрана за Истражувачки соработник на PEP – Partnership for Economic Policy со седишта во Квебек, Канада и Најроби, Кенија, помеѓу 28 избрани кандидати од земјите во развој ширум светот.
Истражувачките соработници придонесуваат кон активностите на ПЕП преку #научно менторирање, обука, истражување, настани за економските политики, меѓународни конференции, публикации и советување.
Finance Think беше соработник-грантист на ПЕП во два наврати во последната деценија. Изборот на Благица, во високо-компетитивен процес, е резултат на долгорочната плодна соработка и #интернационализацијата на нашата работа.

Средба на мрежата #WEBecon за истражу-вачки студии за кризата со храна и енергија

Жива и продуктивна дискусија во рамки на заедничката средба за „Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан“, за #истражувачките студии на кои работиме со нашите партнери од мрежата #WEBecon:
Поддржани од SMART Balkans.

Економскиот форум ги промовираше наодите и препораките за парафискалните давачки

Форумот на едно место ги собра сите релевантни чинители сврзани со парафискалните давачки како важна реформска област идентификувана во Програмата за економски реформи. Дебатата се однесуваше на наодите и препораките произведени во рамки на  проектот.

Галерија на форумот.

Учество на Форумот на граѓанското општество за Западен Балкан и Турција

🎯 На 31 мај – 01 јуни 2023 година, Finance Think учествуваше на Форумот на граѓанското општество за Западен Балкан и Турција 2023 што се одржа во Подгорица, Црна Гора, организиран од EU TACSO.
Нашиот претставник Стефан Таневски учествуваше како #говорник во панелот за улогата на тинк-тенковите во креирањето #докази и на анализите базирани на #податоци во процесот на креирање #политики, презентирајќи мноштво примери од нашето богато портфолио.
Инаку, форумот ги презентираше наодите од Основната проценка во однос на насоките на генералниот директорат NEAR за ЕУ поддршка на граѓанското општество во регионот на проширување 2021–2027.

Работилница за податочна основа за индекс на повеќедимензионална сиромаштија

Работилница на тема “Индекс на повеќедимензионална (детска) сиромаштија: Редизајнирање, идентификување извори на податоци и планирање на собирањето и обработката на податоци” денес одржавме во партнерство со UNICEF MK.
Работилницата цели кон отворање дијалог со Државен завод за статистика / Enti shtetëror i statistikës и министерствата кои располагаат со административни податоци, за воспоставување податочна основа за пресметка на индекс на повеќедимензионална сиромаштија на редовна основа.
Работилницата ја спроведоа нашите соработници д-р Marjan Petreski и д-р Бојан Србиноски.
+2
See Insights and Ads
Boost post
All reactions:

10

Finance Think на еднонеделна програма за партиципативна демократија во Мексико

Finance Think е дел од еднонеделна програма за партиципативна демократија во Мексико, како членка на глобалниот хаб People Powered , заедно со уште 80 имплементатори и истражувачи од светот.
👉 Ги споделуваме нашите позитивни #практики од имплементацијата на паритиципативното #буџетирање во oпштините, a истовремено учиме нови механизми за вклученост на граѓаните, нови иновативни алатки, и се #вмрежуваме со слични на нас организации, вклучувајќи ги и пионерите во партиципативно буџетирање од Порто Алегре, Бразил.