Економски форум за социо-економските последици од Ковид-19

📢 Нашата работа во 2020 посветена на анализа на економските, социјалните и развојните ефекти од ковид-19, ја заокружуваме со економски форум, со семејството на Обединетите Нации. Кои лекции ги научивме од КОВИД-19? Како до побрзо закрепнување?
На конференцијата ќе се обратат сите клучни чинители во социо-економската сфера во земјата.

Среќен 8. роденден, Finance Think!

Осмиот роденден го прославуваме во услови наметнати од пандемијата од Ковид-19, чии економски и социјални ефекти ги следиме и анализираме од самиот почеток: 3 студии за политики, 4 брифови за политики, 10 предлог-мерки, прецизни проекции, 42 визуелни производи…

Нова Студија за политиките!

Нашата најнова 📖 Студија за политиките 32, подготвена во партнерство со Канцеларијата на резидентниот координатор на Обединетите нации, дава детален дизајн и проценети трошоци и ефекти од 9️⃣ мерки чие спроведување ќе ги ублажи социо-економските последици од 🦠 ковид-19. 🔗 Повеќе: bit.ly/3nludcb.

Finance Think учествуваше на јавната расправа за предлог-Законот за буџети

Благица Петрески, извршен директор на Finance Think ги образложи забелешките од нашиот ФТ Коментар бр. 30 на предлог Законот за буџетите (bit.ly/3ov58f1), односно потребата од допрецизирање и детализирање во делот на среднорочното буџетирање, фискалните правила и фискалниот совет. Расправата ја организираше Министерството за финансии.

Нова брошура за жените земјоделки

Брошурата „Зајакнување на жените во земјоделството“ ги претставува мерките што се на располагање за подигнување на животниот стандард и продуктивноста на жените земјоделки, што е особено важно во време на Ковид-19 криза.