Меморандум за соработка со Општина Крушево за мапирање на парафискалните давачки

Општина Крушево е прва од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.

Економскиот форум ја пренесе пораката за извозниците како мотор на растот по Ковид-19

Успешно заврши Економскиот форум „ЕКОНОМИЈАТА НА КРСТОПАТ: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19?“, на кој учествуваа клучните чинители во економската сфера во земјава. Кликнете за галерија.

Continue reading

Деспина Туманоска на регионална работилница за ранливи групи работници

Нашата Деспина Туманоска ги претстави резултатите од нашиот 🚜 Бриф за политиките бр. 46: Земјоделските работници – тивка жртва на пандемијата? (bit.ly/39F0nv9) на еднодневната работилница „Ранливи групи во земјоделството“, која се одржува во рамки на регионалниот проект на Open Society Foundations „Одговор на социо-економското влијание на Ковид-19 во поддршка на ранливите групи нископлатени, неформални и работници со атипични договори“. Во Северна Македонија, проектот го води Фондација Отворено општество – Македонија.

Обука за вработените во Комисијата за заштита на конкуренцијата

Во рамки на нашиот проект за анализа на ефектите од државната помош, во периодот 8-19 март 2021, д-р Андреас Клафки од Меѓународниот Универзитет во Дрезден, Германија, испорачува за вработените во КЗК четиридневна обука за контрола на државната помош.