Став - Finance Think https://www.financethink.mk Economic Research & Policy Institute Tue, 30 Jul 2024 07:44:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.4.2 https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2020/10/cropped-ft-favicon-01-32x32.png Став - Finance Think https://www.financethink.mk 32 32 ФТ Став бр. 62 за ребалансот на Буџетот 2024 https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-62-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-2024/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-62-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b1%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%2583%25d1%259f%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2582-2024 Fri, 26 Jul 2024 00:53:15 +0000 https://www.financethink.mk/?p=13673 Владата го усвои Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, односно ребалансот на Буџетот. Finance Think со поддршка на Меѓународното буџетско партнерство, го дава следниот став во однос на ребалансот на буџетот. Oдлуката макроекономските проекции врз кои се темели проекцијата за буџетските приходи да се постават на разумно […]

The post ФТ Став бр. 62 за ребалансот на Буџетот 2024 first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 62 за ребалансот на Буџетот 2024 appeared first on Finance Think.

]]>
Владата го усвои Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, односно ребалансот на Буџетот. Finance Think со поддршка на Меѓународното буџетско партнерство, го дава следниот став во однос на ребалансот на буџетот.

Oдлуката макроекономските проекции врз кои се темели проекцијата за буџетските приходи да се постават на разумно ниво, согласно на расположливите информации во моментот на проектирањето, е соодветна. Имено, во претходните две децении, а изразено од почетокот на 2010-тите навака, при проектирањето на буџетот во октомври-ноември во тековната за идната година, макроекономските проекции се поставуваа на повисоко ниво, со цел да може да се проектираат повисоки буџетски приходи и, оттука, да се прикаже помал буџетски дефицит. За оваа тема, видете на пример во ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година од 16 ноември 2021 и ФТ Коментар бр. 36 на Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година од 28 ноември 2022. Затоа, со секој ребаланс на буџетот во текот на годината, најчесто се вршеше кратење на буџетските приходи поради нивно прекумерно проектирање, проследено со најчесто кратење на капиталните инвестиции, а со цел задржување на проектираниот буџетски дефицит во првично-планираните рамки, ако не и негово зголемување. Со сегашниот ребаланс на Буџетот забележуваме реалистично макроекономско проектирање, и ја поддржуваме оваа структурна промена.

Проекцијата за буџетските приходи со ребалансот е во линија со економските движења кај важните економски агрегати. Во делот на даночната политика, елаборацијата е преземена од донесувањето на Буџетот во декември 2023 година, и истата не е порамнета со рамката предвидена во политичката програма на партијата која сочинува мнозинство во Владата. Очекуваме дека во овој сегмент, врз основа на поширок јавен дијалог со засегнатите страни, структурни прилагодувања ќе настанат при проектирањето на Буџетот 2025 подоцна во текот на оваа година. На оваа тема, Finance Think се произнесе во повеќе наврати, на пример, видете ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа од 12 август 2022.

Она што најмногу загрижува во предложениот ребаланс на Буџетот е секако расходната страна. Со ребалансот се предвидува дека вкупните расходи ќе се зголемат за 19.2 милијарди денари споредено со основниот буџетски план за 2024 година. Со тоа, буџетскиот дефицит забележува драматичен раст, од првично проектираните 3.4% на 4.9% од БДП. Finance Think изразува загриженост дека ваквото проширување на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација, која иако беше недоволна, отпочна по пандемиската 2020 година.

Сепак, проширувањето на буџетскиот дефицит не е и не смее да се третира како изненадување. Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно значително проширување на фискалниот простор, што сега се огледува во 44%-но зголемување на буџетскиот дефицит (видете ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 од 27 април 2024). Во одредена мера, проширувањето е резултат на централното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 2,500 денари во септември 2024, односно вкупно 5,000 денари заклучно со март 2025. Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и просечната плата, и тоа го притиска новопроектираниот продлабочен дефицит.

Проширувањето на фискалниот дефицит е резултат и на две други тенденции. Првата се однесува на истрошеноста на буџетот заклучно со јуни 2024: на пример, буџетскиот дефицит заклучно со јуни 2024 е потрошен во износ од 71%, што е значајно несразмерно со периодот за кој се однесува. Покрај политичката димензија, истрошеноста на буџетскиот простор е тесно поврзана и со повеќеслојната економска криза од претходните години, за што емпириска анализа може да се најде во нашата Студија за политиките 51: Фискалниот простор во Западниот Балкан: Докази од скорешната повеќеслојна криза од 11 април 2024. Втората тенденција е неможноста, или недоволното време, да се консолидира и рационализира расходната страна, а во услови на претходно-преземени законски обврски кои сега имаат или ќе имаат фискална реализација. Сепак, разбирливо е дека за значајно консолидирање на расходните ставки, подалеку од ставката стоки и услуги и традиционалната дебата за користење возила, ручеци, мебел и хонорарно вработување партиски членови, е неопходно одредено време. Finance Think очекува вакви потези, базирани на поширока дебата, да станат видливи при проектирањето на Буџетот 2025 година, покрај кај ставката стоки и услуги, и во други релевантни ставки како разните видови субвенции, трансфери итн.

Со ваквата поставеност на основниот Буџет и со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува. Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период. За структурните проблеми на државното буџетирање видете во Бриф за политиките бр. 68: Како се планира и колку се извршува Буџетот? Историски преглед со фокус на капиталните расходи и расходите по корисници од 19 јули 2024. Дополнително, иако среднорочното буџетско планирање е една од предвидените алатки која ќе го унапреди планирањето и ќе избегне ризици од неземање предвид расходи кои следат во следните фискални години, неговата имплементација е само на хартија.

Во однос на финансирањето на буџетскиот дефицит, важно прашање е обезбедувањето на средствата и предлогот на новата влада да обезбеди билатерален заем од Унгарската влада во износ од 500 милиони евра со период на враќање од 15 години со вклучен тригодишен грејс период и каматна стапка од 3.25%. Јавната дебата континуирано го превиде фактот дека финансирањето на буџетскиот дефицит со основниот Буџет беше предвидено преку издавање еврообврзница, без спецификација на нејзиниот износ и периодот на позајмување. Позајмување од билатерален партнер, а занемарувајќи ја евентуалната политичка компонента, по поповолни услови од моментално пазарните, се чини конструктивен чекор, иако каматна стапка на било кое позајмување моментално е повисока од остварувањето на економскиот раст во земјава. Клучното прашање е искористувањето на овие средства во развојни цели и тоа за: 1) инвестициски проекти на компаниите кои допрва ќе се реализираат (односно овие средства да поттикнат инвестициски циклус наместо да додаваат средства на веќе направена инвестиција како што прави Законот за финансиска поддршка на инвестициите); и 2) нови капитални проекти на општините, наместо за покривање на веќе настанати долгови од нерационално управување со локалните јавни финансии.

Сепак, и покрај ваквиот контекст на билатералниот заем, обемот на потребно финансирање се зголемува како последица на значајното зголемување на фискалниот дефицит. За таа намена се предвидува и поголемо задолжување на домашниот пазар преку издавање државни хартии од вредност. Иако ликвидноста на домашниот банкарски систем е соодветна на макроекономските услови, сепак проширувањето на фискалниот дефицит во дел финансирано и од домашната ликвидност, крие дополнителен ризик од тоа фискалната експанзија да влијае каматните стапки во економијата да не може да се симнат во разумен период, а кој веќе отпочна во повеќе економии во Европа и светот.

***

Сврзани инфографикони:

Само од еврообврзници, во следните четири години за отплата достасуваат 2.4 милијарди евра

Во 2023, државата наменски позајми 589 милиони евра, со најниска каматна стапка од 3.675%

Каматните плаќања на јавниот долг годинава достигнуваат историски максимум

***

Со поддршка од

The post ФТ Став бр. 62 за ребалансот на Буџетот 2024 first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 62 за ребалансот на Буџетот 2024 appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-61-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-61-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25bc%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0 Sat, 27 Apr 2024 15:39:33 +0000 https://www.financethink.mk/?p=13295 Овој ФТ Став ги сумира ставовите кои Finance Think веќе ги изнесе во периодот март-април 2024 година, во контекст на економските ветувања на главните политички партии во македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ставовите од Finance Think се базираат на долгогодишната работа на продуцирање научни докази брз база на податоци, во сферите кои се предмет […]

The post ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 appeared first on Finance Think.

]]>
Овој ФТ Став ги сумира ставовите кои Finance Think веќе ги изнесе во периодот март-април 2024 година, во контекст на економските ветувања на главните политички партии во македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ставовите од Finance Think се базираат на долгогодишната работа на продуцирање научни докази брз база на податоци, во сферите кои се предмет на анализа во овој ФТ Став, за кои референца е дадена низ овој текст.

Раст на економијата. Програмата на СДСМ проектира просечен раст на БДП за периодот 2024-28 година од 5.1%, додека програмата на ВМРО-ДПМНЕ постепено забрзување на моменталниот раст до 5% во 2028 година, што дава просечен раст за целиот период од 4%. Finance Think, скоро целосно во линија со проекциите на Светската банка и ММФ, проценува дека просечен раст поголем од 4% за претстојниот период е невозможен. Под претпоставка на отсуство на значајни нови шокови во глобалната економија – особено шокови на страната на понудата кои може значајно да влијаат врз цените и/или да наметнат ограничувања и блокади во понудата на важни добра во делот на исхраната, енергијата и кај инпутите на клучни индустрии за европскиот континент – Северна Македонија може да постигне раст кој ќе се движи околу потенцијалниот раст од 4-4.5% на среден рок од 3-4 години, што би резултирало со просечен раст од 4% или нешто пониско.

Сепак, двете политички програми се прилично воедначени во делот на изворите на растот, потенцирајќи ја амбицијата за поголема додадена вредност, поголема продуктивност и конкурентност на економијата, кои ќе се постинат преку: поголеми инвестиции во човечкиот капитал, поддршка на извозот и јакнењето на извозните капацитети, поддршка на системот на иновации и претприемништво. Сепак, за искористување на овие фактори на економскиот раст, потребно е да бидат земени предвид слабостите на системот, потреализацијата на клучни стратегии и стагнацијата кај клучни реформи во изминатиот период (како, на пример, недоволноста на образовните реформи, отсуството на транзиција на работната сила од системот на социјална заштита кон пазарот на труд, произволниот систем на државна помош, компромитациите во системот за поддршка на иновациите и сл.).

Двете програми ги акцентираат домашните и странските инвестиции, но програмата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе го нагласува фокусот врз привлекувањето странски инвестиции, иако тоа го прави и програмата на СДСМ преку концептот на ‘near shoring’, односно привлекување странски инвестиции кои поради геополитчките фрагментации се селат поблиску до своите фирми-мајки. Тоа е целосно во линија со препораката од Finance Think во Студија за политиките 33: Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија, меѓутоа оценуваме дека моментумот за near shoring сега е намален. Дополнителен ризик кој е значајно потценет од двете програми е хроничниот недостиг од квалификувана работна сила, ограничениот потенцијал на домашните компании за извоз и станување дел од синџирите на добавување на странските компании.

Двете политички програми предвидуваат поголем функционален ангажман на институциите за поддршка за вклучувањето на домашните компании во синџирите на снабдување на странските компании кои оперираат во слободните зони, што е во линија со препораката од Finance Think во Студија за политиките 19: Премостување на јазовите и искористување на потенцијалите: Домашните МСП во синџирот на снабдување на мултинационалните компании во земјата.

Севкупно земено, впечатокот од анализата на двете политички програми во поглед на моделот за економски раст е дека ВМРО-ДПМНЕ скоро исклучиво се потпира на концептот на создавање нова додадена вредност во економијата, додека за СДСМ покрај создавањето нова вредност, и понатаму важна останува редистрибуцијата на веќе-создадениот доход (види подолу дел за минимална плата и даноци).

Вработеност. Двете политички програми предвидуваат намалување на невработеноста до 7% (СДСМ) односно 7.5% (ВМРО-ДПМНЕ) до 2028 година. Тоа е еднакво на креирање дополнителни околу 50.000 работни места во економијата, што е сосем реалистично за следниот четиригодишен период. Сепак, Finance Think укажува дека за остварување на оваа цел неопходно е соодветно управување со контингентот на невработени лица во земјава, во смисла на потребата за нивна доквалификација, преквалификација, оневозможување потпирање врз системот на социјална помош неограничено долго (односно осигурување фазно излегување од системот за социјална помош на работоспособно население) и оневозможување остварување доходи во сивата економија. Дополнително, остварувањето на оваа цел е можно само во услови на контролирано потпирање врз странски работници, главно преку програма за увезување работници во сектори за кои работници не може да се обезбедат преку домашниот контингент на расположлива работна сила. Во контекст на вработеноста, ветувањето на СДСМ за намалување на работното време од 8 на 7 часа е целосно неконзистентно со ветувањето за повисок раст и поголема продуктивност, кои може да се постигнат само со поголем напор и вложување, односно со повеќе работа и работни часови.

Инвестиции. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува капитални инвестиции на државата од 3 милијарди евра за целиот мандат, додека програмата на СДСМ 3.5 милијарди евра. Иако овој контингент капитални инвестиции се пожелни за економскиот раст, сепак тие мора да се набљудуваат во контекст на капацитетот на државата за реализација на капитални инвестиции, којшто се движи околу 500 милиони евра годишно. Без отстранување на системските слабости за планирање, приоритизација, технички капацитети за тендерирање и имплементација од страна на институциите, овие ветувања се тешко изводливи.  Програмата на ВМРО-ДПМНЕ дополнително предвидува капитални трансфери до општините во обем од 250 милиони евра годишно, што е исто така позитивно за економскиот раст, но трансферите мора да се строго сврзани со капитални инвестиции или со конкретни исходи кај општините, на пример, ако тие ја зголемат наплатата на данокот на имот, што е нивен важен изворен приход. На оваа тема, релевантни препораки се содржани во нашата Студија за политиките 44: Оценка на финансиската транспарентност и буџетската позиција на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, со фокус врз јавните претпријатија во нивна надлежност.

Плати. Платите се директно ветување само на политичката програма на СДСМ, која ветува просечна плата од 1,100 евра и минимална плата од 600 евра во 2028 година. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ само се спомнува дека платите во јавниот сектор ќе растат со растот на економијата, што може да е индикација дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на сите плати е дека ќе резултираат од растот на економијата. Последниот став е стабилен и конзистентен со принципите на пазарната економија. Обврзување кон конкретен раст на платите, кои не се под директна контрола на владата, може да испрати погрешни сигнали за информираниот гласач. Имено, раст на платата до 1,100 евра подразбира нејзин раст од 70% за четири години, што е просечен годишен раст од околу 15%. Платите во земјава ќе продолжат да растат со економијата и со притисокот за квалификувана работна сила на пазарот на труд, што како главна детерминанта го искажаа две третини од фирмите во нашата Студија за политиките 46: Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: Докази од микро-анкета. Но, континуиран годишен раст од 15%, а со претпоставка на ниска инфлација и раст од околу 4%, е невозможен. Неопходно е да се забележи дека растот на платите во последните 2-3 години во голема мера, иако не исклучиво, е последица и на прилагодувањата со растот на ценовното ниво.

Во истиот контекст, раст на минималната плата до 600 евра во 2028 година, односно вкупен раст од 65%, или просечен годишен раст од 13%, е невозможен со претпоставката за стабилни цени. Ветувањата за високо поставување на минималната плата, кое не е водено од законски предвиденото усогласување, ниту од динамиката на продуктивноста во економијата, а во услови кога голем удел од работната сила се’ уште работи во нископлатежни сектори како земјоделие, градежништво и трговија, создаваат потреба од субвенционирање на ветениот раст на минималната плата, што претставува фискален ризик и ја поттикнува сивата економија во делот на непријавени или делумно пријавени работници.

Пензии. Програмата на СДСМ предвидува раст на просечната пензија до 30.000 денари до 2028 година, а на минималната пензија до 20.000 денари. Во однос на моменталната просечна пензија, предвидениот раст изнесува 50%, односно 11% просечен годишен раст. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува по 5,000 денари за секој пензионер најдоцна до крајот од првата година, односно раст на пензиите во првата година од 25%. Finance Think останува на ставот искажан во повеќе наврати дека раст на пензиите кој отстапува од формулата за нивно усогласување со растот на просечната плата и растот на цените, ќе ја наруши патеката на стабилизација на Фондот за ПИОМ, којшто помина низ блага реформа во 2018 која ја овозможи таа стабилизација. За оваа тема, нашата Студија за политиките 14: Одржливост на пензискиот систем во Македонија: Сеопфатна анализа и предлог-реформа со МК-ПЕНС – динамички микросимулациски модел даде солидни фундаменти и останува широко-цитирана во релевантни документи кои се занимаваат со одржливоста на пензиските финансии во Северна Македонија.

Социјална помош. Иако програмата на СДСМ дава фокус и врз редистрибуцијата на доходот, сепак и во двете политички програми социјалната помош е надвор од фокусот. Програмата на СДСМ се фокусира врз подобрување на системот на активација на примателите на социјална помош и на јакнење на социјалните услуги, што е соодветен став и е во линија со нашите наоди во Студија за политиките 31: Социјалните услуги во општините во Северна Македонија: Капацитет, ризици, потреби. Додека, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека социјалната помош ќе се зголемува но не се дадени детали како и во колкав износ, што го земаме за индикација дека таа ќе се усогласува според постојните механизми за усогласување. Последново е соодветен став кон социјалната помош, иако одредени прилагодувања, како на пример, двократното усогласување со растот на цените, или одредени интервенции во делот на помоштите за деца, може да обезбедат подобри исходи за животниот стандард (види Студија за политиките 48: Влијанието од прехранбената и енергетската криза врз благосостојбата на домаќинствата во Северна Македонија).

Даноци. Во линија со своите ставови во поглед на редистрибуцијата на доходот и богатството, СДСМ предвидува воведување данок на луксуз (богатство), за што не се дадени поконкретни контури, како и разгледување модел за прогресивно оданочување на доходот. Дополнително, СДСМ предвидува данок на доход од 0% на минималната плата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ изнесува став за задржување на сегашните даночни стапки и подигнување на прагот за регистрација за ДДВ обврзник на 3 милиони денари. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ го поместува фокусот врз борбата со сивата економија, како неопходен услов на среден рок да се дојде до поголема даночна база и поголеми даночни приходи. Finance Think целосно се согласува со овој став, што се базира на следните истражувачки наоди и факти:

  1. Сивата економија во Северна Македонија е флагрантна; нашата конзервативна проценка е 21.3% од вкупната економија, што е еднакво на неприбрани даночни приходи од најмалку 700 милиони евра годишно (види Бриф за политиките бр. 58: Колкава е нашата сива економија? Како клучни економски политики се одразуваат врз неа?). Во вакви услови, нема економска смисла да се зголемува даночниот товар на формалната економија, а неформалната економија да биде надвор од фокусот на носителите на политиките.
  2. Сивата економија е широко распространета и поприма различни форми од непријавени работници, нецелосно пријавена работа, нецелосно пријавен промет и нецелосно пријавување на доходот на домаќинствата (види Студија за политиките 49: Неформално вработување и непријавена работа во секторот ‘хотели, ресторани и угостителство’: Сознанија од Северна Македонија и Студија за политиките 50: Грануларно испитување на неформалната економија во Северна Македонија: Увид во неформалните работници, непријавената работа и нецелосното пријавување на доходот во домаќинствата). Тоа бара системски и координиран пристапи кон сивата економија, пред да има смисла евентуално зголемување на даноците или воведување значајни прогресивности.
  3. Сивата економија бара и мерки кои поттикнуваат формализација и мерки за казнување (види Студија за политиките 43: Нерегистрирани микровршители на деловна активност во Северна Македонија: Анализа со препораки за политиките), што повторно ја нагласува потребата од сеопфатен и пан-институционален пристап во нејзиното сузбивање, наместо наметнување нови и повисоки даноци.
  4. Поголеми и прогресивни даноци во услови на сива економија и недоволно силни механизми за борба со неа, поттикнуваат даночна евазија и оттука поголемо прибегнување кон сива економија (види Студија за политиките 24: Добар или лош данок? Оценка на раните ефекти од прогресивниот и повисок данок на доход во Северна Македонија)

Во однос на ветувањето за 0% данок на доход за примателите на минимална плата, укажуваме дека иако обезбедува соодветна прогресивност во оданочувањето, сепак ќе предизвика дисторзија во услови на застапеност на сивата економија кај примателите на минимална плата. Имено, нашата анализа Квалитет на живот 1: „Плата во плико“ од 2017 година укажа дека 69% примателите на минимална плата добиле и плата во плико, односно неформално плаќање покрај неформалната плата. Притоа, главниот товар кај платите е проценет во делот на придонесите, а не во делот на данокот на доход. Значи, понатамошно намалување на данокот на доход на минимална плата – повеќе од намалувањето определено со даночното ослободување – ќе го зголеми мотивот на работодавачите и работниците да нудат и прифаќаат осигурување на минимална плата, а исплата на остатокот преку „плата во плико“. Неопходни се механизми за превенирање и сузбивање на оваа појава, пред решението за понизок данок на минимална плата да биде ефективно.

Субвенции. Двете политички програми навестуваат генерално придржување кон моменталните модели на субвенции. Се осврнуваме на две групи субвенции: за земјоделци и за домашни фирми, бидејќи тие се најголемите давања државна помош (види инфографикон). Програмата на СДСМ предвидува вкупен износ за земјоделски субвенции од 850 милиони евра (директна финансиска поддршка и поддршка за рурален развој), што е просечен годишен износ од 215 милиони евра, додека соодветниот износ во програмата на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 180 милиони евра. Двата ветени износа се значајно над моменталните остварувања од околу 130 милиони евра. Дури и износите да се зголемат на предвидените нивоа, поважниот аспект на земјоделските субвенции со кој политичките програми не се занимаваат или се занимаваат маргинално (ВМРО-ДПМНЕ) е потребата што побрзо да се напушти моделот на распределба на субвенциите по принцип на инпути (единица површина или грло добиток) и да се премине на принцип на аутпути (квалитет на производството, односно обем на производство по единица површина). Двете програми предвидуваат поддршка на технолошкиот напредок и иновациите во земјоделството, преку понатамошно искористување на програмата ИПАРД.

Во однос на поддршката со државна помош на компаниите, двете програми поголем акцент ставаат на поддршката на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. СДСМ предвидува задржување на постојното решение со 180 милиони евра државна помош годишно, а со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ, без наведување конкретен износ и со навестување прилагодувања на Законот кон поголеми износи и фокус кон извозни компании. Според нашите наоди од Студија за политиките 34: Мерење на економските ефекти од државната помош доделена на приватни претпријатија во Северна Македонија: Случајот на владиниот План за економски раст, неопходен е целосен ремонт на овој Закон, бидејќи државната помош според него се доделува по направена инвестиција од страна на компаниите, па согледаните ефекти се од инвестицијата а не од државната помош. Оттука, дадената државна помош не делува како поттик за инвестирање, туку обезбедува дополнителна и, најчесто, слободна готовина за фирмите.

The post ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 61 за економските ветувања на главните политички партии за Парламентарните избори 2024 appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-60-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%82%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%82-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d0%ba%d1%80%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-60-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d1%2582-%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25ba%25d1%2580%25d0%25b8 Fri, 01 Dec 2023 12:48:53 +0000 https://www.financethink.mk/?p=12431 Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард на граѓаните, и да се поддржат ликвидноста на компаниите и развојот на економијата. Покрај овој буџет, дополнително се издвоени 3 системски мерки за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и на […]

The post ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки appeared first on Finance Think.

]]>
Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард на граѓаните, и да се поддржат ликвидноста на компаниите и развојот на економијата. Покрај овој буџет, дополнително се издвоени 3 системски мерки за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и на пензиите, со вкупна вредност за 2023 и 2024 година од 516 милиони евра.

Finance Think смета дека овој пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка. Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата но помогаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици.

Во продолжение, овој ФТ Став го елаборираме и анализираме квантитативно.

По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра[1]. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата.

Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата (Табела 1). Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од Finance Think (на пр. види Бриф за политиките бр. 65: Колкава е трансмисијата на меѓународните цени на храната во домашната економија?), но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава.

Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023

Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет
Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година
Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар 222.7 милиони евра 35 милиони евра
Субвенционирање на цената на топлинска енергија 17.4 милиони евра 7.4 милиони евра
Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија 40 милиони евра 5.9 милиони евра
Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ) ~1 милион евра 1 милион евра
Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани 8 милиони евра 2.7 милиони евра
Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија 12.2 милиони евра 35 милиони евра
Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините 10.5 милиони евра 10 милиони евра
Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност ~1 милион евра 1.1 милион евра
Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија 10 милиони евра 10 милиони евра
Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ 100 милиони евра 100 милиони евра
Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 45 милиони евра 790.000 евра
Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка 15 милиони евра 39 милиони евра
МојДДВ / 42.2 милиони евра
Нови антикризни мерки
Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари / Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет)
Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование / 14.3 милиони евра
Ваучери за превоз на студенти / 2 милиони евра
Ограничување на затезната камата до висина на долгот / /
Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход / /
Намалување на цената на млекото и млечните производи / /
Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза
Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД) / 8.1 милиони евра
Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој / 50 милиони евра
Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа / 50 милиони евра
Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка / 5 милиони евра

Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk

Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (не вклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%.

Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски институции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој).

Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Finance Think укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.

Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година

Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет
Поддршка за домаќинства и земјоделци 80 милиони евра 112.3 милиони евра
Поддршка за компании 155.8 милиони евра 492 милиони евра
Поддршка за компании и домаќинства 385.1 милиони евра* 42.4 милиони евра*
Поддршка за јавен сектор 14.9 милиони евра 14.9 милиони евра
Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза / 516.2 милиони евра

* Во категоријата мерки за компании и домаќинства спаѓаат и субвенциите за електрична и топлинска енергија

Извор: Пресметки на Finance Think согласно соопштенија на vlada.mk.

Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија). Како и во ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Finance Think укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост.

За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус.

 

[1] Досега, за 2023 година не беше објавен конкретен антикризен пакет, но во текот на годината Владата го продолжи субвенционирањето на сметките за електрична и топлинска енергија и обезбеди 100 милиони евра заем за поддршка на ЕСМ. Дополнително, во втората половина од годината беше продолжено замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи.

The post ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 60 за деветтиот пакет антикризни мерки appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-59-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-59-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b7%25d0%25b8%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25b1%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be Wed, 16 Aug 2023 11:36:28 +0000 https://www.financethink.mk/?p=11735 Во услови на зголемени трошоци за живот, од особена важност е животниот стандард на граѓаните да се задржи. Во сегментот на социјалната заштита, односно социјалните надоместоци и пензиите, клучно е нивното усогласување со порастот на трошоците на живот. Според следната табела, усогласувањата на пензиите со трошоците на живот, како и ад-хок зголемувањата на пензиите во […]

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување appeared first on Finance Think.

]]>
Во услови на зголемени трошоци за живот, од особена важност е животниот стандард на граѓаните да се задржи. Во сегментот на социјалната заштита, односно социјалните надоместоци и пензиите, клучно е нивното усогласување со порастот на трошоците на живот. Според следната табела, усогласувањата на пензиите со трошоците на живот, како и ад-хок зголемувањата на пензиите во претходните две децении, овозможија порастот на пензиите да го следи или да го надмине порастот на трошоците на живот, и оттука, во целост да го заштити животниот стандард на пензионерите.
Усогласување или ад-хок зголемување на пензиите
Прво полугодие Второ полугодие Вкупно (прост збир) Пораст на трошоците на живот во претходната година
2007 0.6% 1.0% 1.7% 3.2%
2008 13.0% 7.7% 20.7% 2.3%
2009 3.5% 2.0% 5.5% 8.3%
2010 0.3% 1.1% 1.4% -0.8%
2011 0.8% 2.1% 2.9% 1.6%
2012 0.3% 1.4% 1.7% 3.9%
2013 1.2% 0.8% 1.9% 3.3%
2014 5.0% 0.0% 5.0% 2.8%
2015 0.0% 5.0% 5.0% -0.3%
2016 0.0% 5.0% 5.0% -0.3%
2017 0.8% 0.8% 1.6% -0.2%
2018 1.7% 1.8% 3.5% 1.4%
2019 0.7% 0.4% 1.1% 1.5%
2020 5.0% 0.6% 5.6% 0.8%
2021 1.2% 1.2% 2.4% 1.2%
2022 2.9% 6.8% 9.7% 3.2%
2023 8.4% 6.0%* 14.4% 14.2%
Извор: ФПИОСМ и ДЗС.

* Очекуван раст.

Истовремено, според Државниот завод за статистика (последен податок), пензионерите имаат стапка на сиромаштија од 7%, што е значајно пониска од вкупната стапка на сиромаштија од 21.8%, и уште пониска споредено со други општествени групи, како децата (30.3%), самохраните родители (41.6%) и многудетните семејства (45.6%). Лицата над 65 години кои живеат како самци имаат стапка на сиромаштија од само 4.1%.
Зголемувањата на пензиите, особено зголемувањата надвор од предвиденото законско усогласување со порастот на трошоците на живот и просечната плата, е неопходно да се гледаат низ призма на макро-стабилноста на пензиските финансии, односно дали Фондот за пензиско и инвалидско осигурување може стабилно и без ликвидносни проблеми да ги исплаќа преземените обврски кон пензионерите сега и во иднина.
Повремените зголемувања на пензиите надвор од законското усогласување, посебно кога тие беа големи и посебно во предизборни и изборни години, доведоа до значајно продлабочување на дефицитот на ФПИОСМ. Дефицитот на ФПИОСМ е делот кој Фондот не може да го покрие од изворни приходи – придонеси на плати, поради што дополнување прави централниот буџет. На следниот графикон е прикажано дека уделот на буџетските во вкупните приходи на ФПИОСМ забележа драматичен раст кој достигна кулминација во 2017 година и изнедуваше 43.6%. Тоа означува дека скоро половина од пензиските исплати се вршеа од општиот буџет на државата, односно се на товар на општото оданочување, што имплицира дека голем дел од расходите за пензии ги покриваат плаќачите на даноци од кои дел во иднина можеби и нема да бидат под капата на ФПИОСМ затоа што не се во осигуран работен однос.
Со реформата на пензискиот систем од 2019 година, која меѓу другото подразбираше и благо зголемување на стапката на пензиските придонеси во две последователни години, неодржливата патека на ФПИОСМ запре и уделот на буџетските во вкупните приходи почна да се намалува и моментално се движи околу една третина. За тогашната реформа, Finance Think се произнесе со свои сценарија и симулации кои беа претставени во Студија за политиките 14: Одржливост на пензискиот систем во Македонија: Сеопфатна анализа и предлог-реформа со МК-ПЕНС – динамички микросимулациски модел и последователно објавени во проминентното меѓународно списание Journal of Pension Economics & Finance.
Извор: ФПИОСМ и пресметки на Finance Think.
Оттука, за стабилноста на пензиските финансии и за добросостојбата на сегашните и идните генерации, вклучително и поради ризиците од дополнително подгревање на инфлацијата и инфлациските очекувања, од клучна важност е да продолжи патеката на стабилизација на ФПИОСМ. Тоа имплицира дека моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цени.
Во контекст на општите движења во економијата, Finance Think забележува дека интензивирањето на барањата од страна на разни општествени групи за пораст на примањата (плати, пензии и сл.), е во еден дел водено од порастот на трошоците на живот, што е легитимно барање, но во друг значаен дел од поттикнувањето реторика дека платите може да пораснат без зголемување на продуктивноста, и од одлуката на Уставниот суд – и последователниот молк од страна на Владата – со која се одмрзнаа зголемувањата на платите на избраните и именуваните лица, што доведе до нивен кумулативен раст од 78%. За последново, Finance Think ја повикува Владата да изнајде итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба и да отвори дијалог во рамки на кој ќе се дојде до прифатливо решение за разумен пораст на платите на функционерите.

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-58-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b3-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%bb%d0%b8%d0%b4/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-58-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b3-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25b4 Thu, 13 Jul 2023 12:10:15 +0000 https://www.financethink.mk/?p=11680 Во својот ФТ Став. Бр. 57 за предложената даночна реформа од 12 август 2022 година, Finance Think заедно со Групата ЦИВИТАКС се произнесе по однос на тогаш-предложените даночни измени. Во точката 5, а во контекст на тогашната намера да се воведе прогресивен данок на доходот од труд, Ставот беше: Ставот на [Finance Think] е дека […]

The post ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит appeared first on Finance Think.

]]>
Во својот ФТ Став. Бр. 57 за предложената даночна реформа од 12 август 2022 година, Finance Think заедно со Групата ЦИВИТАКС се произнесе по однос на тогаш-предложените даночни измени. Во точката 5, а во контекст на тогашната намера да се воведе прогресивен данок на доходот од труд, Ставот беше:

Ставот на [Finance Think] е дека во перспектива Северна Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.

Уште во декември 2022 година, Владата ја отвори дебатата за воведување данок на ектра профит, под назнаката солидарен данок, а веќе предлог-законско решение беше доставено со парламентот на почетокот на 2023 година, по чие неусвојување, владата одлучи да го поднесе повторно во забрзна постапка во јули 2023 година.

Во 2022 светот, а посебно Европскиот континент и, оттука, Северна Македонија искусија значајно зголемување на цените на основните прехранбени производи и енергијата. Тоа придонесе фирмите кои ги произведуваат и/или преработуваат овие производи да остварат вонредно високи профити. Данокот на екстра профит во вакви околности, односно кога се остваруваат високи профити поради пазарната конјунктура, а не поради специфични фактори за фирмата, е оправдан.

Сепак, во контекст на намерата на владата да воведе данок на екстра профит во јули 2023 за профитот остварен во 2022 година, критични се две точки:

  1. Начинот на кој е конципиран, предлог-Законот за солидарен данок не може прецизно и до крај да го опфати екстра профитот кој резултирал од пазарната конјунктура. Поточно, во моменталниот дизајн, ќе се појават две групи фирми чие (не)оданочување прави индивидуална или општествена штета:

 

    • Од една страна, зафатени ќе бидат и фирми кои оствариле вонреден профит како резултат на свои специфични фактори (претходни инвестиции, освоени нови пазари, подобрена продуктивност и ефикасност итн.),

 

    • Од друга страна, ќе бидат изоставени фирми, па дури и цели сектори, кои во континуитет имаат високи профити вклучително и поради пазарната структура, но кои нема да потпаднат под овој данок бидејќи нема да го исполнат условот за пораст на профитот за најмалку 20% над просекот од претходните години.

 

2. Законот ќе има ретроактивно дејство, што – надвор од правниот момент – не е добра пракса и оневозможува предвидливост и можност за адекватно планирање. За предвидливост и планирање, дискусијата денес може да се однесува за евентуална интервенција кај кој било данок почнувајќи од 2024 година па натаму.

The post ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 58 за предлог-Законот за солидарен данок / данок на екстра профит appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-57-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%bf%d0%b0-%d1%86%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-57-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25bf%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25ba%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580 Fri, 12 Aug 2022 08:26:02 +0000 https://www.financethink.mk/?p=10069 Министерството за финансии објави неколку важни промени во даночниот систем, со намера поголем дел од нив да почнат да се применуваат почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Групата ЦИВИТАКС, основана во 2018 година, како неформална група од 14 основачки и 29 придружни влијателни граѓански организации и физички лица, се произнесува со следниот генерален став. Граѓанските […]

The post ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа appeared first on Finance Think.

]]>
Министерството за финансии објави неколку важни промени во даночниот систем, со намера поголем дел од нив да почнат да се применуваат почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Групата ЦИВИТАКС, основана во 2018 година, како неформална група од 14 основачки и 29 придружни влијателни граѓански организации и физички лица, се произнесува со следниот генерален став.

Граѓанските организации обединети во групата ЦИВИТАКС во неколку прилики, а и преку Блупринтот од 2016 година, укажуваа дека не се исцрпени внатрешните јавни извори за поголема ефикасност и ефективност со управувањето на јавните ресурси на државата, односно во рационализацијата на расходната страна на буџетот на државата.

Впрочем, тоа е потврдено и со загубени 23 милиони евра буџетски средства од страна на извршната власт, како и дополнителни 108 милиони евра за дополнителни трошоци и непредвидени работи поради неефикасно и неефективно работење и од последните извештаи на Државниот завод за ревизија само во последниот месец:

  • Ревизијата на успешност на мерките за поддршка од кризата предизвикана од Ковид-19, меѓу другото, укажува дека поради недостиг од контрола врз државните институции како и неефикасност во реализирање на целите, во буџетските приходи се „загубени“ 23 милиони евра.
  • Ревизијата на успешност пак на задолжувањето на субјектите од јавниот сектор јасно покажува дека во управувањето со јавните инвестиции: „… отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции…“, и неефикасноста и неефективноста се потврдува со немање целосна слика и системски пристап, значајни отстапувања, застој, како и недостиг од аналитички пристап. Од ваквите проекти, ревизијата утврдила дополнителни трошоци за провизии и камати од 58 милиони евра, како други 40 милиони евра за непредвидени и дополнителни работи.

 

НАЈАВЕНИТЕ „ДАНОЧНИ РЕФОРМИ“, СЕ ПОБЛИСКУ ДО ДЕФИНИЦИЈАТА НА АД-ХОК МЕРКИ НАЈВЕРОЈАТНО ПОТТИКНАТИ ОД НУЖНОСТ, НО НЕ И ОД ЖЕЛБА ЗА РЕФОРМИ

Граѓаните очекуваат најпрво да добијат подобрени и поквалитетни јавни услуги, транспарентен и отчетен систем, со јасни, издржани и предвидливи долгорочни политики пред да се соочат со даночни измени кои се базираат повторно на ад-хок и не-системски чекори. Истражувањата за даночна одговорност на Центарот за Економски Анализи – ЦЕА, членка на Групата ЦИВИТАКС, покажаа дека даночните обврзници во Северна Македонија не сакаат да ја гледаат својата врска со државата како жртва и принуда од страна на предаторот/држава, туку како процес на размена од заеднички интерес.

Граѓаните сакаат да се чувствуваат повеќе како корисници на услуги отколку како гласачи. Чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите. Даночните обврзници во најголем дел немаат доверба во државните институции и сметаат дека доколку би плаќале повисоки даноци истите само може да бидат злоупотребени, а не и дека ќе бидат инвестирани во подобрен квалитет на јавните услуги.

И, конечно, најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни. Овие ткн. „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели. Даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн.

Оттука, Група ЦИВИТАКС укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи.

 

НЕДОСТАСУВА КОНСУЛТАЦИЈА СО ЦЕЛОСНИ И ИСТОВРЕМЕНО-ДОСТАПНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СИТЕ

Даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот. Граѓанскиот сектор, како важен чинител во процесите на реформи на јавните финансии и особено во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на носителите на политиките, остро протестира што Министерството за финансии инклузивноста ја сведува на целно, дозирано и постепено лиферување информации, со потенцијално разногласие помеѓу она што е напишано во споделената презентација и впечатокот кој може да се стекне од интервјуата на министерот.

Земајќи го предвид ова, Групата ЦИВИТАКС се произнесува околу предложените даночни измени, групирани во неколку точки.

 

ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПОГОЛЕМИ И ПОШИРОКООПФАТНИ ДАНОЦИ

  1. Според проценките на домашната експертска јавност и меѓународните финансиски институции, сивата економија во Северна Македонија изнесува од 25% до 40% од БДП. Истражувањата за сивата економија од Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, членка на Групата ЦИВИТАКС, даваат проценка за поконзервативен но се’ уште висок удел на сивата економија од 23.2% во 2020 година. Дури и да се земе тој процент, сивата економија изнесува околу 2.5 милијарди евра, на која ако се земат предвид сегашните даночни оптоварувања, се доаѓа до износ од околу 650 милиони евра годишно кои треба да се слеат во државниот буџет, но не се слеваат затоа што државата не успева во борбата со сивата економија.

Притоа, Стратегијата за формализација на сивата економија 2018-2022 има стагнантен или никаков прогрес, дури и за повеќето од мерките не постои податок дека тие се отпочнати да се спроведуваат и, се’ вкупно, нема владин документ-извештај кој демонстрира кој е напредокот во борбата со сивата економија. Тоа не’ враќа во периодот од пред 5 години, кога јавната дебата укажуваше дека за да може државата да премине кои поголеми и пошироки даночни зафаќања, неопходно е да се покажат резултати од борбата со сивата економија. Оттука, Групата ЦИВИТАКС бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени.

  1. Поврзано со борбата со сивата економија, даночните измени предлагаат консолидација на даночните ослободувања во законите за данок на личен доход, за ДДВ и за добивка, промена која Групата ЦИВИТАКС генерално ја поддржува.
  2. Групата ЦИВИТАКС остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини.
    1. Прво, Владата на Груевски во 2015 година воведе придонеси на вакви договори, кои беа иницијална каписла на протестите и периодот којшто следеше, по што Владата ја поништи промената по шестмесечна примена. Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше.
    2. Второ, во 2019 година, Групата ЦИВИТАКС работеше со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за создавање Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност (линк од УЈП), според кој надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа се сметаат за промет од давање услуги и влегуваат во пресметката на прагот за ДДВ. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместокот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото.
    3. Трето, без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација.

Оттука, Групата ЦИВИТАКС не прифаќа воведување придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото во Северна Македонија.

  1. Групата ЦИВИТАКС го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што беше наше барање од ноември 2018 година.
  2. Групата ЦИВИТАКС ја поздравува дебатата за прогресивниот данок на личен доход. Ставот на Групата ЦИВИТАКС е дека во перспектива Северна Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.

 

Покрај ова, нашиот став изнесен во ноември 2018 година, пренесен подолу, останува непроменет, што само потврдува дека во периодот измеѓу, не настанале промени кои ќе овозможат пошироко прифаќање на било какви даночни измени.

 

ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ТРОШЕЊЕТО НА НАРОДНИТЕ ПАРИ

  1. Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Групата ЦИВИТАКС очекуваше демонстрирање резултати во оваа насока.
  2. Владата мора да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори. Разните субвенции може да бидат од краткорочен карактер и не смеат да бидат трајна определба бидејќи на тој начин се нарушува ефикасноста на пазарната економија, се преферираат неефикасни пазарни оператори, се дискриминираат оператори кои можат да се соочат со пазарните сили, поради што, на крајот и ефикасните и неефикасните оператори завршуваат неуспешно. Групата ЦИВИТАКС ја повикува Владата недвосмислено да го искаже својот став во однос на субвенционирањата, и особено оние кои зафаќаат големи буџетски средства, пред да премине кон дополнителни даночни зафаќања.
  3. Владата мора да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Владата мора да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

 

Основачки членки на Група ЦИВИТАКС кои во краток рок дадоа согласност:

  1. Центар за економски анализи
  2. Finance Think – Институт за економски истражувања и политики
  3. Центар за даночна политика
  4. Институт за општествени и хуманистички науки
  5. Фондација Отворено општество – Македонија
  6. Транспаренси Интернешнл – Македонија
  7. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  8. Евротинк – Институт за европски стратегии
  9. Центар за управување со промени

The post ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 56 за предложените измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за зголемувањето на пензиите https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-56-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%b7/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-56-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b6%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b7 Mon, 07 Mar 2022 12:29:57 +0000 https://www.financethink.mk/?p=8751 Владата на Република Северна Македонија објави дека е постигната согласност со засегнатите страни околу формулата за усогласувањето на висината на пензиите, од сегашното решение за нивно усогласување со порастот на трошоците на живот, на ново решение за усогласување според просекот на порастот на трошоците на живот и порастот на просечната плата. Дополнително, владата определува тримесечен […]

The post ФТ Став бр. 56 за предложените измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за зголемувањето на пензиите first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 56 за предложените измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за зголемувањето на пензиите appeared first on Finance Think.

]]>

Владата на Република Северна Македонија објави дека е постигната согласност со засегнатите страни околу формулата за усогласувањето на висината на пензиите, од сегашното решение за нивно усогласување со порастот на трошоците на живот, на ново решение за усогласување според просекот на порастот на трошоците на живот и порастот на просечната плата. Дополнително, владата определува тримесечен додаток во вкупен износ од 3,000 денари по пензионер, за покривање на зголемените трошоци за електрична енергија.

Finance Think оценува дека ваквото прилагодување е коректно, наспроти претходните изјави за историски-најголеми зголемувања, од две причини: 1) не ја нарушува патеката на стабилизација на ФПИОСМ којашто отпочна по 2019 година, и 2) обезбедува пристојно зачувување на животниот стандард на пензионерите.

Сепак, Finance Think укажува на следното:

  1. Формулата за усогласување 50:50 којашто се предлага сега е истата формула која постоеше во референтниот закон заклучно со 2018 година, поради што таа не претставува новина во системот на пензиското финансирање;
  2. Со измени на референтниот закон во декември 2019 година, се воведе одредба според која при пораст на минималната плата поголем од 15% и на просечна плата поголем од 5%, може да се изврши дополнително усогласување на пензиите во процент не повисок од порастот на просечната плата. Со оглед дека порастот на просечната плата во претходните години надминуваше 5%, овој став овозможуваше адекватно усогласување на пензиите и со порастот на просечната плата. Според тоа, предложената промена е само реформулација на решението за пензиското финансирање кое е и моментално во сила.
  3. Тримесечниот износ од 3,000 денари вкупно, е линеарен за сите пензионери, без разлика на висината на пензија. Иако наменското зголемување е оправдано – заради ублажување на негативните последици од енергетската криза и порастот на цените, сепак тоа е форма на ад-хок зголемување, и евентуални идни вакви наменски зголемувања треба да се рационализираат само кон примателите на пониски пензии.

***

Фондот за ПИОСМ е зависен од централниот буџет. Својот максимум, зависноста го достигна во 2017 година, кога 43% од вкупните расходи за пензии беа покривани од централен буџет. Од 2018 година, дефицитот започна да се намалува како резултат на почитување на правилото за раст на пензиите согласно законски утврдените критериуми, а од следната 2019 и како резултат на реформата со која се променија стапките на социјалните придонеси и заменските стапки.

Усогласувањето на пензиите е значајно за да се зачува животниот стандард на пензионерите, и тоа мора да биде одредено од витални економски парамтри како движењето на цените, платите и БДП. Но, секое ад-хок зголемување на пензиите надвор од економски параметри претставува опасност за дефицитот во пензискиот систем да се зголемува со неодржлива стапка. Доколку продолжеше политиката на големи ад-хок зголемувања на пензиите, дефицитот и понатаму ќе растеше (Графикон 1).

The post ФТ Став бр. 56 за предложените измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за зголемувањето на пензиите first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 56 за предложените измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и за зголемувањето на пензиите appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 55 за економските последици од развојот на настаните во Украина за Северна Македонија https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-55-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-55-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25bc%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8-%25d0%25be Thu, 24 Feb 2022 13:13:44 +0000 https://www.financethink.mk/?p=8640 По нападот врз Украина од страна на Русија кој отпочна утрото на 24 февруари 2022, Finance Think дава првичен став за економските последици за Северна Македонија. Во поглед на директните економски последици, Северна Македонија е изложена на ограничени и главно незнајачни економски ризици поради ниската трговска поврзаност со Русија и Украина, како и опаѓачките тенденции […]

The post ФТ Став бр. 55 за економските последици од развојот на настаните во Украина за Северна Македонија first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 55 за економските последици од развојот на настаните во Украина за Северна Македонија appeared first on Finance Think.

]]>

По нападот врз Украина од страна на Русија кој отпочна утрото на 24 февруари 2022, Finance Think дава првичен став за економските последици за Северна Македонија.

Во поглед на директните економски последици, Северна Македонија е изложена на ограничени и главно незнајачни економски ризици поради ниската трговска поврзаност со Русија и Украина, како и опаѓачките тенденции на странските директни инвестиции од Русија во последните неколку години. Учеството на увозот и извозот со Украина и Русија во вкупниот увоз и извоз на Северна Македонија е во континуиран пад од 7.1% во 2000 година до 2.2% во 2013, за потоа да падне под 2%, а во 2019 година изнесува 1.8%. Структурно, најголем дел од увозот од Украина вклучува увоз на метали (преку 80%), додека извозот кон Украина се состои главно од хемиски материјали и електронска опрема (преку 60%). Дополнително, странските директни инвестиции од Русија бележат опаѓачки тренд и акумулираните СДИ како удел во БДП изнесуваат 30.3% во 2020 година (пад од 9.4% во таа година). Според ова, санкциите кон Русија, кон кои потенцијално ќе се придружи и Северна Македонија, ќе имаат лимитиран ефект врз македонската економија.

Поважен економски ефект за Северна Македонија од рускиот напад врз Украина е индиректниот.

Непосредно по нападот на 24 февруари 2022, светските финансиски пазари реагираа бурно, главно рефлектирајќи го шокот од брзината и ненадејноста на преземените дејства. Ова е првенствено важно за три главни групи добра сврзани со економиите на Русија и Украина: енергенсите, металите и храната.

Зголемувањето на цената на гасот, од кој европската економија е се` уште зависна во голема мера, ќе се одрази првенствено врз цените на сите други енергенси, вклучително и електричната енергија, која веќе беше под ценовен притисок поради недоволното производство од обновливи извори во текот на 2021 година.

Со оглед дека Русија е извозник на метали (никел, алуминиум, паладиум и др.), нарушувањето на снабдувањето се одразува врз нивните цени, што се надоврзува на проблемот со отежнатите синџири на снабдување како последница на ребалансирањето по пандемијата. Слично, Русија и Украина се извозници на житарици и сврзани добра, чии цени веќе беа под нагорен притисок. Врз цените на храната, преносните ефекти веќе во одредена мера постоеја и поради порастот на цените на енергенсите.

Оттука, краткорочниот економски ефект којшто индиректно е важен за Северна Македонија се притисоците врз цените кај споменатите производни групи, кои ќе постојат и со веројатност да се интензивираат.

Пошироките индиректни економски ефекти од новонастанатата ситуација зависат од интензитетот, обемот и траењето на нападот врз и воените дејства во Украина, како и од обемот и интензитетот на наметнатите санкции врз Русија од останатите меѓународни чинители. Сето тоа врши надолен и значаен притисок врз изгледите за растот на Европскиот континент, но и глобално. Северна Македонија е високо-зависна од европската економија, поради што падот на надворешната побарувачка неповолно ќе се одрази врз забавување на растот на БДП, а во услови на нагорни притисоци врз цените. Воено-тензичната ситуација ќе предизвика воздржаност на кредитните пазари и воздржаност од инвестициски потфати, што дополнително негативно ќе се одрази врз растот на европските економии.

Во овој првичен став, Finance Think проценува дека е неопходно будно следење на развојот на настаните и постојана пре-оценка на потенцијалните ефекти врз нашата економија, но во моментов на економски план не се потребни конкретни мерки или потези од домашните власти. Во случај на поинтензивно прелевање на негативните економски последици врз нашата економија, економските власти ќе треба да реагираат со мерки, слично како при првичната реакција на ударот од пандемијата во март-април 2020, но нивниот обем и таргетирање ќе зависи од тековните случувања кои може да се менуваат од минута во минута, како и од постојниот фискален простор кој денес е значајно потесен во однос на 2020.

The post ФТ Став бр. 55 за економските последици од развојот на настаните во Украина за Северна Македонија first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 55 за економските последици од развојот на настаните во Украина за Северна Македонија appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-54-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b3-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-2022-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-54-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b3-%25d0%25b1%25d1%2583%25d1%259f%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-2022-%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b8 Tue, 16 Nov 2021 07:36:50 +0000 https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-54-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b3-%d0%b1%d1%83%d1%9f%d0%b5%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-2022-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8/ Министерството за финансии го објави предлог-Буџетот за 2022 година карактеризирајќи го како развоен. За првпат, предлог-Буџетот за 2022 година е ставен во среднорочна перспектива, поконкретно во контекст на три клучни планови: План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, План за јавни инвестиции и План за забрзан економски раст. Оттука, ваквиот тип планирање е […]

The post ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година appeared first on Finance Think.

]]>
Министерството за финансии го објави предлог-Буџетот за 2022 година карактеризирајќи го како развоен. За првпат, предлог-Буџетот за 2022 година е ставен во среднорочна перспектива, поконкретно во контекст на три клучни планови: План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, План за јавни инвестиции и План за забрзан економски раст. Оттука, ваквиот тип планирање е значаен исчекор кон постигнување на поставените цели за повисок раст на среден рок и фискална консолидација. Сепак, предлог-Буџетот не ја демонстрира кохерентноста на овие три плана, во смисла на нивното финансирање во 2022 година и на среден рок, и со квантитативно мерење на нивниот придонес кон постигнување на целите. Поконкретно, отсуството на ваква кохерентност, го остава впечатокот дека тие се само планови во буквална смисла на зборот, со висок ризик од значајни отстапувања и задоцнувања при нивната реализација.

Буџетот за 2022 година е дизајниран пред два клучни настани кои се случија во текот на минатата недела: прогласувањето и продлабочувањето на енергетската криза во земјава и нагорната корекција на Народната банка во поглед на инфлаторните движења во тековната и идната година. Вкупните неизвесности од продолжениот ефект од пандемијата, енергетската криза која ќе влијае врз потенцијалот за инвестиции од фирмите и за потрошувачка кај граѓаните, заедно со притисоците врз цените, ја прават проекцијата за реален раст на БДП од 4.6% во 2022 година, вградена во креирањето на Буџетот, оптимистичка. Неостварувањето на проектираната реална стапка на раст ќе го поткопа планираниот обем на даночни приходи, што како ризик е идентификуван во буџетскиот документ. Сепак, и во вакви околности, напорите за фискална консолидација и сведување на буџетскиот дефицит во разумни рамки се коректни.

Во продолжение следува критичка анализа на трендовите и структурата на расходите во Предлог буџетот за 2022 година.

По турбулентните 2020 и 2021 година, структурата на буџетот се нормализира на претпандемиското ниво (Графикон 1) со значајно надувување на капиталните расходи (реален раст од 20.8%). Најгломазната категорија во буџетот, социјални трансфери, бележи реален пад поради ценовниот ефект, иако расте во номинален износ. Сепак, расходната страна не ги рефлектира, или тоа не го прави на убедлив и видлив начин, заложбите во буџетскиот документ за намалување на непродуктивните трошења, посебно во две ставки кои се пропулзивни на непродуктивно трошење: „стоки и услуги“ и „субвенции и трансфери“. Во реални износи, овие ставки се слични на нивото од пред пандемијата, а нивната структура останува „црна кутија“ и покрај повеќегодишните укажувања на експертската јавност за поголема транспарентност во овој сегмент.

Графикон 1: Структура на буџетите за периодот 2016-2022 по категории (во константни цени од 2016 година)

Извор: Министерство за финансии и НБРСМ

Во структурата на капиталните расходи (реален раст, Графикон 2), сите ставки бележат раст, освен расходите за купување мебел и вложувања и нефинансиски средства. За разлика од претходните години, купувањето опрема и машини и капиталните субвенции за претрпијатија и невладини организации имаат значаен реален раст што претставува прва индикација за развојниот карактер на буџетот. Но, да потсетиме дека во нашата Студија за политиките 34: Мерење на економските ефекти од државната помош доделена на приватни претпријатија во Северна Македонија: Случајот на владиниот План за економски раст, државната помош за приватните претпријатија доделена преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите беше оценета неефективна, што укажува дека ефектот од капиталните инвестиции врз економијата не зависи само од тоа на кој начин ќе се испланираат, туку и на кој начин ќе се потрошат.

Во структурата на капиталните расходи доминантно учество имаат вложувањата во градежни објеки, но при секој ребаланс во минатото таа ставка беше „прва на удар“ и значајно се кратеше. Ставките со помали износи, купувањето возила и стратешки стоки и други резерви, бележат двократно и трократно зголемување.

Оттука, вака дефинираната структура на капитални инвестиции укажува на развојност на буџетот, но со оглед на неизвесноста од пандемиската и енергетската криза, очекуваме значајно надолно корегирање на „развојните“ ставки со првиот ребаланс.

Графикон 2: Структура на планираните капитални расходи за периодот 2016-2022 по ставки (во константни цени од 2016 година)

Извор: Министерство за финансии и НБРСМ

Притоа, капацитетот за реализација на капиталните инвестиции останува ограничен. Капиталните инвестиции во БДП достигнаа максимум и опаѓаат во последните години, што го потврдува ограничениот капацитет на апсорпција на капиталните инвестиции (Графикон 3, горен панел). Дополнително, уделот на капиталните инвестиции во БДП се движи од 2.5% до 3.7% кога реализацијата достигнува максимум од скоро 85% (долен панел). Оттука, дури и при оптимистичко планирање, процентот на реализација на капиталните инвестиции ќе биде помал како што уделот на капитални инвестиции во БДП го достигнува својот максимум.

Оттука, потребна е идентификација на ограничувањата на капацитетот за трошење на планираните капитални расходи, за да се зголеми реализацијата и ефектот врз економскиот раст. И покрај бројните укажувања на експертската јавност, Владата не понуди анализа на пречките кои оневозможуваат целосна реализација на капиталните расходи, ниту евентуален акциски план за надминување на овие ограничувања.

Графикон 3: Односот на капиталните инвестиции и БДП, процентот на реализација на капиталните инвестиции и отстапувањето на тековниот однос на капиталните инвестиции и БДП од тригодишниот историски просек

Извор: Министерство за финансии

Гледано според институционални „тесни грла“ (Графикон 4), институциите со најголем „капитален товар“ имаат реализација под просечната реализација на сите институции (44%), со исклучок на Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и Министерството за економија. Тоа укажува на ограничени внатрешни ресурси при реализација на капиталните инвестиции.

Дополнително, беше воспоставен механизам за реалокација на средства од институциите со подреализација кон институциите со ефективна реализација на капиталните расходи. Спротивно на овие напори, голем дел од подреализаторите добиваат значајно повисоки „капитални задачи“ со новиот буџет. На пример, Министерството за животна средина и просторно планирање има реализација од 12% и зголемување на капиталните инвестиции во новиот буџет од 79%. Исто така, Министерството за надворешни работи има реализација од 16%, а зголемување на капиталните инвестиции од 300%. Дополнително, институциите со низок „капитален товар“ имаат ниска реализација, што може да укажува на препознаена неефикасност во нивното работење. Оттука, Министерството за финансии е неопходно да понуди подлабинска анализа за ефикасноста на механизмот за поттикнување на извршувањето на капиталните расходи, наместо само да го декларира неговото постоење. Исто така, потребна е подетална анализа и идентификација на проблемите со кои се соочуваат одделните институции при реализацијата на капиталните инвестиции.

Графикон 4: Планирање и реализација на капиталните расходи по институција за 2021/2022

Забелешка: Процентот на реализација за 2021 е пресметан врз основа на вкупните капитални расходи по институција во ребалансот на буџетот 2021.

Извор: Министерство за финансии

The post ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 54 за Предлог-Буџетот за 2022 година appeared first on Finance Think.

]]>
ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе еколошка такса на горивата https://www.financethink.mk/%d1%84%d1%82-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2-%d0%b1%d1%80-53-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%b5-%d0%b5%d0%ba%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2584%25d1%2582-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2-%25d0%25b1%25d1%2580-53-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b5-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be Mon, 28 Jun 2021 21:26:12 +0000 https://www.financethink.mk/?p=7018 Владата на Република Северна Македонија објави намера за воведување еколошка такса од 3.5 денари за литар гориво (4.13 денари со вклучен ДДВ), со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт. Иако ваквата намера може да значи […]

The post ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе еколошка такса на горивата first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе еколошка такса на горивата appeared first on Finance Think.

]]>

Владата на Република Северна Македонија објави намера за воведување еколошка такса од 3.5 денари за литар гориво (4.13 денари со вклучен ДДВ), со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт.

Иако ваквата намера може да значи позитивен сигнал во процесот на зелената транзиција, сепак е неопходно да се согледаат нејзините потенцијални ефекти. Имено, имајќи предвид дека целната транзиција не може да се случи преку ноќ, од економска гледна точка е важен ефектот од зголемувањето на цените на горивата врз општото ценовно ниво на краток рок. Притоа, релевантни се следниве околности:

  1. Воведувањето на еколошката такса претставува еднократно зголемување на цените со постојан ефект;
  2. Воведувањето на еколошката такса може да има преносен ефект врз цените на другите добра и услуги (за чие произвoдство горивата се инпут);
  3. Побарувачката за горива е, главно, нееластична на промена на цените, поради што воведувањето на еколошката такса ќе има ограничен ефект врз однесувањето на корисниците;
  4. Воведувањето на еколошката такса се случува во време кога нерамнотежите кај повеќе добра и услуги на глобалниот пазар (предизвикани од пандемијата) вршат одреден (привремен) притисок врз цените на глобално ниво.

Со цел оценка на ефектот од воведувањето на еколошката такса врз општото ценовно ниво (според кое се мери инфлацијата), Finance Think изврши моделска оценка (види повеќе за методолошката рамка на крајот од овој ФТ Став). Слика 1 ја претставува врската помеѓу промените во општото ценовно ниво (според индексот на трошоците на живот) и промените во подиндексот за течни горива и мазива (7.2.2. во рамки на група 7. Транспорт). Сликата документира потенцијална позитивна врска, пришто линијата за вклопување има благ наклон.

Слика 1 – Можна врска помеѓу цените на горивата и општото ценовно ниво

Извор: ДЗС (период М1-2010 – М5-2021).

Табела 1  ги дава оценките на одговорот на општото ценовно ниво на зголемување на цената на горивата, на краток и на долг рок. На краток рок, зголемување на цената на горивата од еден процент, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0.02 и 0.05 проценти. Оттука, воведувањето на еколошката такса во висина од просечни 6.2 проценти од цената на литар гориво ќе придонесе со дополнителни 0.15 до 0.3 проценти пораст на општото ценовно ниво на краток рок.

Долгорочниот ефект од зголемување на цената на горивата врз вкупните цени е посилен, и може да е позначаен бидејќи еколошката такса е перманентна промена. Еден процент зголемување на цената на горивата, во просек, резултира со зголемување на општото ценовно ниво помеѓу 0.14 и 0.16 проценти на долг рок. Оттука, долгорочно гледано, воведувањето на еколошката такса ќе придонесе со дополнителни 0.8 до 0.9 проценти пораст на општото ценовно ниво.

Табела 1 – Оценка на процентното зголемување на општото ценовно ниво при еднопроцентен пораст на цените на горивата

  Модел на авторегресивни дистрибуирани временски задоцнувања Модел на векторска корекција на грешка
Краткорочен ефект (%) 0.047 *** 0.023 **
Долгорочен ефект (%) 0.141 *** 0.157 ***
Брзина на враќање во рамнотежа -9.6% ***

(10.4 месеци)

-6.0% **

(16.8 месеци)

Извор: Пресметки на Finance Think.

Забелешка: Пресметките се засноваат на периодот М1-2010 – М5-2021. *** означува статистичка значајност на 1%, ** означува статистичка значајност на 5%. Значајноста на долгорочниот ефект е сензитивна на бројот на временски задоцнувања.

 

Овие резултати ги илустрираме, заедно со 90-процентен интервал на доверба, на Слика 2. На неа се гледа дека ценовно зголемување кај горивата вообичаено го зголемува општото ценовно ниво (инфлацијата) на сосем краток рок, односно во првиот месец по зголемувањето на цените на горивата. Оттука, ценовниот ефект од еколошката такса би настанал веднаш.

Слика 2 – Функција на одговор на општото ценовно ниво од еднопроцентно зголемување на цената на горивата

Извор: Пресметки на Finance Think.

Забелешка: Пресметките се засноваат на периодот М1-2010 – М5-2021.

Потоа, зголемување се забележува и помеѓу седмиот и 15-тиот месец од воведувањето на еколошката такса (ефект кој е статистички значаен), а потоа исчезнува. Тоа потенцијално укажува дека освен еднократниот ефект, може да се очекува одреден понатамошен преносен ефект од воведувањето на еколошката такса во висина од долгорочниот коефициент од 0.14 проценти. Сепак, овој преносен ефект е оценет со максимална маргина на грешка од 10 проценти, па треба да се земе со големо внимание и за понатамошно испитување.

 

Според овие наоди, произлегуваат следните заклучоци и препораки:

  1. Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата) кој би се движел од 0.15 до 0.3 проценти. Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен (0.8 до 0.9 проценти), но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени.
  2. Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот – не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1.5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет.
  3. Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата. Во тој контекст, препорачуваме Владата да преземе акција со која ќе го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија.
  4. Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање, на пример, издавање зелена обврзница.

 

Методолошка забелешка

Коефициентите се пресметани од биваријатна врска помеѓу промените во општото ценовно ниво и промените во цените на течните горива и мазива. Искористен е авторегресивен модел на распоредени задоцнувања, со оценка на долгорочна врска и со автоматски избор на оптималниот број на вклучени временски задоцнувања. За потврдување на резултатите, искористен е и модел на векторска корекција на грешка во кој, исто така, воспоставен е долгорочен вектор помеѓу двете променливи, а бројот на временски задоцнувања и избран со минимизирање на информацискиот критериум на Акаике. Оттука, методот овозможува изолирање на просечната еластичност на општото ценовно ниво на промена во цената на течните горива и мазива, врз основа на претпоставката дека историската врска помеѓу нив ќе остане стабилна и во иднина. Оттука, оценката во никој случај не треба да се толкува како стварниот ефект кој во одредени околности, како и земајќи предвид други влијанија врз општото ценовно ниво, може да отстапува од просекот.

Методологијата е симплифицирана од Choi, S., Furceri, D., Loungani, P., Mishra, S. and Poplawski-Ribeiro, M. Oil (2017) Prices and Inflation Dynamics: Evidence from Advanced and Developing Economies. IMF Working Paper, WP/17/196.

The post ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе еколошка такса на горивата first appeared on Finance Think.

The post ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе еколошка такса на горивата appeared first on Finance Think.

]]>