Целта на истражувањето е да се испита дали дознаките испратени во Македонија, Албанија и Србија служат како социјална заштита за оставените членови на домаќинството.
Анализираме дали и како дознаките влијаат врз социјалната состојба (стабилност или ранливост) на домаќинството, опишана преку индекс составен од доходот/примањата, работниот статус, исраната, здравјето и условите на домувањето. За целите на студијата, имаме за цел да ја дефинираме социјалната стабилност / ранливост не во традиционална смисла – само како “долар на ден” – туку во однос на способноста на домаќинствата да ги задоволат своите основни потреби покрај примањата: исхрана, здравствена заштита, домување, рекреација и слично. Ова допира до она што Green (2014) го забележа: “да се биде сиромашен и болен е многу различно од да се биде сиромашен и здрав”, и ја дефинира социјалната стабилност во оваа мултидимензионална рамка.
Клучните задачи вклучуваат:
- развивање преглед на литературата што ги поврзува дознаките од странство со социјалната заштита и социјалната ранливост;
- осмислување показател за социјалната ранливост;
- економетриско испитување на причинско-последична поврзаност меѓу дознаките и социјалната ранливост;
- длабинско квалитативно истражување преку интервјуа на врските контекстите на двата феномени (дознаки и социјална ранливост);
- осмислување предлози за политики;
- широка комуникација со креаторите на политиките и јавноста.
Донатор: Регионална Програма за Унапредување на Истражувањето
Времетраење: 2 години (2014-2016)
***
Проектна средба, Рим, 2-5 април 2015 – Агенда – Галерија
Појавување во медумите – Економски хоризонти – РеволуционерМК
Презентација на РРПП Годишна конференција, Охрид, 28-29 Мај 2015 – Ресурси
Тркалезна маса, 10 јуни 2015 – Покана– Agenda – Галерија– Презентација
Меѓународна конференција на Евроазиските Економии, 9-11 Септември 2015, Казан Русија – Презентација – Proceedings
Обука & Проектна средба, Амстердам, 16-20 март 2016 – Агенда – Галерија 1 2
Работилница “Миграцијата и нејзините последици за Албанските домаќинства”, Eлбасан, Aлбанија, 8 септември 2016 – Агенда
EBES Меѓународна конференција, Виена, Австрија, 28-30 септември 2016 – Слика
Економски форум, Скопје, 22 септември 2016 – Агенда– Галерија
***
Брифови за политиките – Македонија– Албанија– Србија
Меѓународна книга ”Миграцијата како социјална заштита”
Труд во списанието Меѓународна миграција