Отклучување на женскиот економски потенцијал – понатаму од родовите граници

Целта на оваа акција е да ги поттикне и да им овозможи на жените да го достигнат својот целосен потенцијал на пазарот на трудот, со посебен фокус на продуктивноста.

Специфични цели се:

  1. Да се идентификуваат двигателите на ниското учество на жените на пазарот на трудот и женската продуктивност, преку производство на докази и генерирање знаење;
  2. Да се нагласи важноста на пристојните работни места, стимулативната средина, работните услови и системската поддршка како двигатели на продуктивноста и женскиот потенцијал, преку пилотирање мерки во „Комфи Ангел“ и во соработка со бизнис секторот;
  3. Да се стимулира дијалог за политиките меѓу релевантните чинители (креатори на политики, бизнис сектор, синдикати);
  4. Да се застапуваат политики кои овозможуваат пристојни работни места и стимулативна средина која ќе ја зголеми женската продуктивност.

Донатор: Британска амбасада во Скопје

Следење на проценката на социо-економското влијание на КОВИД-19 врз децата

Целта на следењето на проценката на социјалното и економското влијание на КОВИД-19 врз децата е да се генерираат сценарија и проширени предлози за политика во ситуација кога е сигурно дека ова ќе биде долготрајна криза, од здравствена и од социо-економска перспектива, и каде што можеме да ја потврдиме валидноста на првичните претпоставки за нејзината природа и времетраење.

Клиент: УНИЦЕФ

Родово одговорно буџетирање во време на пандемија

Проектот е насочен кон подобрување на позицијата на жените и намалување на родовата нееднаквост на пазарот на труд, на долг рок. Со детално испитување на употребата на родово одговорно буџетирање во активните мерки за вработување ќе се направи подлога за дизајн на нови мерки и модели за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд и ублажување на социо-економските последици од кризата и/или ќе се дадат препораки за редизајн на постоечките мерки со цел дизајн на родово одговорни мерки мерки што најмногу одговараат на потребите и карактеристиките на жените.

Донатор: Центар за истражување и креирање политики преку Мрежа за родово одговорно буџетирање

Рок: декември 2020 – мај 2021

Брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и поддршка на локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите

Целта на овој проект е да обезбеди поддршка во развојот на брза проценка на влијанието на Ковид-19 врз избрани локални програми и да го поддржи локалното планирање и буџетирање како одговор на непосредните социо-економски потреби на жените и мажите.

Овој предлог ги предвидува следниве активности:

  • Канцелариска анализа на буџетите на ЕЛС за 2020 година со цел да се мапира предвидените родово-одговорни програми, нивно категоризирање и компаративна анализа со локалните политики и стратегии за еднакви можности помеѓу мажите и жените, со цел да се процени колку локални програми и средства се алоцирани директно за жени, пред Ковид-кризата.
  • Длабински интервјуа со службеници на ЕЛС за детално да се дискутираат интервенциите за одговор на ЕЛС за решавање на потребите на локалниот граѓанин, во врска со родовото влијание.
  • (Он-лајн) фокус-групи со локални граѓани за да се оцени нивното искуство и став кон мерките за одговор на ЕЛС во справување со влијанието од Ковид-19.

Сите активности ќе резултираат во кратка анализа на родовата буџетска политика (15-18 страници) за секоја ЕЛС одделно, со вклучена проценка на интервенциите за одговор на ЕЛС од родова перспектива, како и политика и препораки за подобрување на процесот на родово буџетирање во пост-Ковид периодот.

Клиент: UN Women Скопје

Оценка на ефектите од Ковид-19 врз сиромаштијата, со фокус врз најранливите категории граѓани

Целта на овој проект е да го процени ризикот од сиромаштија наметнат од Ковид-19 кризата, со посебен осврт кон групите најизложени на социјален ризик, и да ја подигне информираноста и свесноста за искористување на мерката за олеснет влез во системот на гарантирана минимална помош.

Специфични цели:

  1. Да изврши оценка/симулација на ефектот од Ковид-19 кризата врз сиромаштијата, со посебен осврт на сиромаштија по пол;
  2. Да изврши квалитативна оценка за ефектот од Ковид-19 кризата врз целните групи: Жените и младите во социјален ризик, неформалните работници, примателите на социјална помош и Ромите;
  3. Да ги оцени фискалните импликации од мерката за релаксирање на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош;
  4. Да ја подигне информираноста и свесноста за олеснетиот влез во системот за гарантирана минимална помош;
  5. Да предложи мерки за политиките базирани на докази, со потенцијално потесно таргетирање на целните групи.

 

Донатор: Генерален секретаријат при Влада на РСМ

Времетраење: Јули-Декември 2020

 

Понатаму од доходната нееднаквост во Северна Македонија

Целта на проектот е да обезбеди преглед на нееднаквостите во Северна Македонија понатаму од доходот, т.е. нееднаквости во можностите во четири критични области: образование, здравство, пазар на труд и правда.

 

Нарачател: УНДП

Времетраење: декември 2019 година – јануари 2020

 

Родова еднаквост на работното место: Мониторинг на локално ниво

Главната цел на проектот е промоција и поттикнување родова еднаквост и недискриминација при вработување и на работното место.

Краткорочните цели на проектот вклучуваат: 1) да се проценат ставовите на работодавачите за родовата нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место и механизмите за нивно спречување и заштита; 2) да се испитаат искуствата на работниците во врска со родовата нееднаквост и дискриминација и да се процени дали тие се сведуваат на изолирани случаи или се систематска појава; 3) да им помогне на креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки засновани врз докази, податоци и препораки; 4) да се поттикне социјален дијалог помеѓу клучните засегнати страни (работници, работодавци и носители на политики); 5) да се зголеми јавната свест за регулаторната рамка за заштита од родова нееднаквост и дискриминација при вработување и на работното место.

 

Донатор: Фондација отворено општество

Времетраење: ноември 2019 – мај 2020

 

Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход

Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Да се оцени влијанието на најавената даночна реформа врз сиромаштијата, нееднаквоста во доходот, однесувањето на вработеноста и буџетот на земјата;
  • Да се процени рефлектираното и очекуваното однесување на засегнатите страни (работодавци и вработени);
  • Да ги насочи креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки врз основа на докази, податоци и препораки;
  • Да се зголеми јавната свест за потенцијалното влијание на најавената даночна реформа.

 

Донатор: Balkan Monitoring Public Finance / Аналитика Тинк Тенк

Времетраење: јануари-август 2019