📖 Нашата најнова студија на завршен настан во Тирана

📣 Нашата Извршна директорка, Благица Петрески, ги презентираше најновите наоди од #студијата за непријавената работа, произведена заедно со International Labour Organization / ESAP 2, на завршниот настан „Иновација, учење, акција: Одговори за формализација и подобри работни услови“, во Тирана, Република Албанија, 5-6 декември 2023.

📖 Студијата за политиките бр. 4️⃣9️⃣: „Неформално вработување и непријавена работа во секторот ‘хотели, ресторани и угостителство’: Сознанија од Северна Македонија“, ќе биде објавена наскоро!

Во интервју за РСЕ, Благица Петрески говори за предложените даночни измени

Во неделното интервју на Radio Slobodna Evropa na Makedonski, нашата Blagica Petreski дискутира за најавените даночни измени во Министерство за финансии, од повеќе аспекти: сива економија, даночни ослободувања, придонеси на хонорари, раст и продуктивност…

Линк: https://www.slobodnaevropa.mk/a/31985111.html?fbclid=IwAR20WuYfKOiKxGTPy8U5SC9xaSPeggNOsRQf16vMcAjlt_XHHaDjjDCZVLs

Наш труд во проминентно меѓународно списание на Web of Science

Станува збор за трудот „The covid-19 impact on exports in North Macedonia—firm-level analysis“, кој се објави во проминентното списание Economic Research – Ekonomska istrazivanja, кое е индексирано на Web of Science, има импакт фактор од 3.034 и е позиционирано во квартал 2 од групата списанија во Економија. Пристап на следниот линк: https://www.tandfonline.com/doi/full/10.1080/1331677X.2022.2063918

Обука за финансиска транспарентност, парафискални давачки и јавни набавки

🧑‍🏫 Финансиската транспарентност, парафискалните давачки и јавните набавки во општините беа теми на првата обука од програмата за јакнење на капацитетите на локалните чинители, испорачана од проф. Борче Треновски. Претставници од локалните администрации, организации и активисти учествуваа на оваа динамична и интерактивна онлајн сесија, преку која стекнаа нови знаења, но и дискутираа за постоечките проблеми на локално ниво.
 
Активноста ја реализира нашиот партнер AGORA, во рамки на проектот за финансиска транспарентност на општините, финансиран од Delegation of the European Union, Skopje, а имплементиран од Finance Think, Agora, Квантум Прима и ЛАГ Агро Лидер.