Целта на проектот е да се истражи ефикасноста и квалитетот на избрани политики во областите на квалитет на животот, образование и здравство, преку јавна дебата и решенија за политиките кои произлегуваат од податоци и докази.
Проектот се очекува да ги донесе следните промени:
- Променето општо разбирање за важноста на конкретните политики и мерки во областите на квалитет на живот, образование и здравство
- Зголемена достапност на податоци во специфични области, кои поставуваат основа за донесување политики базирани на докази
- Поттикната јавна дебата и зголемена јавна свест за прашањата
- Зголемен притисок врз носителите на политиките за подобри и поефикасни јавни политики и мерки во горните области
- Подобрен капацитет за истражување, вмрежување и споделување експертиза
Проектот ќе ги испорача следните аутпути:
- Мапирање и избор на политики годишно во трите области (квалитет на живот, образование, здравство)
- Истражување и производство на резултати
- Поврзаност со медиумите и развој на аутрич производи
- Градење капацитет за тимовите и медиумите за користење податоци кост-бенефит анализи и решенија за политиките
Донатор: Британската амбасада во Скопје
Времетраење: Јули 2016 – Март 2018
Повик за изразување интерес (НВО) – Образец за пријавување (НВО)
Повик за изразување интерес (My story) – Образец за пријавување (My story)
Повик за учество во фокус групи
Повик за експерти – Образец за пријавување (експерти)
Дебатен клуб на експерти, Скопје, 26 октимври 2016
Работна средба, 26 април 2017
Повик за изразување интерес (новинари)
Инфографикони
ГИФови
Видеа