Поттикнување критичка и заснованa-на-докази дебата за буџетските процеси и фискална транспарентност

Цел: Зголемување на демократијата преку проширување на фискалната транспарентност на национално и локално ниво во Северна Македонија.

Акцијата има за цел да придонесе кон целите на Меѓународното буџетско партнерство (IBP) преку поттикнување на транспарентноста во земјата.

Оваа сеопфатна цел е поделена на конкретни цели кои вклучуваат конкретни интервенции на два фронта.

  • Специфичен исход 1: Да се унапреди креирањето политики засновани на податоци.
  • Специфичен исход 2: Да се зголеми општинската транспарентност и да се зајакне ангажманот на граѓаните, преку јавно достапни и ажурирани 3-цифрени буџетски податоци за сите 80 општини во Северна Македонија.

Донатор / Партнер: Меѓународно буџетско партнерство

Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки

Главната цел на проектот е „Да се ​​зајакне мрежата FISCAST во мониторингот на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки“.

Оваа главна цел е поделена на специфични цели што вклучуваат конкретни интервенции на четири фронта.

Специфична цел 1: Да се ​​зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата FISCAST да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината;

Специфична цел 2: Да се ​​подобри буџетот на општината и транспарентноста на парафискалните давачки;

Специфична цел 3: Да се ​​воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики;

Специфична цел 4: Да се ​​зголеми јавната свест за придобивките од повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитети да дејствуваат на локално ниво.

Времетраење: јануари 2021 година – јули 2023 година

Донатор: Европска делегација

***

Повици и тендери

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРАДОТ СКОПЈЕ

Повик за тендер за дизајн и печатење материјали 03-156-01 ИПА-2020-420-727-01

Повик за тендер за даночен експерт за проверка на собрани парафискални давачки 03-162-01 ИПА-2020-420-727-02

Повик за тендер за експерт-група експерти за изработка на студии за финансиска транспарентност и отцетност на локално ниво 03-346-01 ИПА-2020-420-727-03

Повик за тендер за експерт-група експерти за изработка на студии за опстински парафискални давачки 03-370-01 ИПА-2020-420-727-04

Родово одговорно буџетирање во време на пандемија

Проектот е насочен кон подобрување на позицијата на жените и намалување на родовата нееднаквост на пазарот на труд, на долг рок. Со детално испитување на употребата на родово одговорно буџетирање во активните мерки за вработување ќе се направи подлога за дизајн на нови мерки и модели за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд и ублажување на социо-економските последици од кризата и/или ќе се дадат препораки за редизајн на постоечките мерки со цел дизајн на родово одговорни мерки мерки што најмногу одговараат на потребите и карактеристиките на жените.

Донатор: Центар за истражување и креирање политики преку Мрежа за родово одговорно буџетирање

Рок: декември 2020 – мај 2021

Премостувачки мерки за ублажување на последиците од Ковид-19

Целта на проектот е да развие предлог мерки за ублажување на последиците од Ковид-19, како форма на операционализација на документот од Обединетите нации „Северна Македонија: Рамка на одговор на ООН на КОВИД-19 (CRF)“.

Клиент: УНДП

Времетраење: Јули – Ноември 2020

Оценка на финансиските импликации за државата во борбата против КОВИД-19

Целта на оваа анализа е проценка на финансиските импликации, односно трошењето на државните институции наменети за борбата против КОВИД-19.

 

Контрактор: ИРИ Републикански институт

Времетраење: Април – Јуни 2020

 

Анализа на парафискални давачки во Северна Македонија

Целта на проектот е да обезбеди анализа на парафискалните давачки за малите и средни претпријатија во Северна Македонија, преку прегледување на Каталогот на јавни услуги и спроведување анкета помеѓу МСП.

 

Нарачател: Министерство за економија

Времетраење: септември 2019 година – јануари 2020

 

Буџетирање одговорно кон Ромите во Северна Македонија

Целта на проектот е да ги пилотира насоките за буџетирање кои се однесуваат на Ромите преку градење на капацитетите на државните службеници, избирање буџетски програми и примена на насоките, што ќе резултира со два поднесока до буџетот за 2020 кои се однесуваат на Ромите.

 

Донатор: Регионален Совет за Соработка

Времетраење: Април – Јуни 2019

 

Добар или лош данок? Реформирање на македонскиот персонален данок на доход

Главната цел на проектот е да се оцени ефектот од најавената даночна реформа на персоналниот данок на доход.

Специфичните цели вклучуваат:

  • Да се оцени влијанието на најавената даночна реформа врз сиромаштијата, нееднаквоста во доходот, однесувањето на вработеноста и буџетот на земјата;
  • Да се процени рефлектираното и очекуваното однесување на засегнатите страни (работодавци и вработени);
  • Да ги насочи креаторите на политиките да донесуваат информирани одлуки врз основа на докази, податоци и препораки;
  • Да се зголеми јавната свест за потенцијалното влијание на најавената даночна реформа.

 

Донатор: Balkan Monitoring Public Finance / Аналитика Тинк Тенк

Времетраење: јануари-август 2019