Finance Think ја изработи првата верзија на анализата „Жените и мажите во Северна Македонија: Статистички портрет на трендовите во областа на родовата еднаквост“, за канцеларијата на UN Women во Скопје.
Економските #користи од процесот на пристапување кон ЕУ се најзначајни
Нашата извршна директорка Благица Петрески учествуваше на трибината „Ние сме Европа“, во организација на Secretariat for European Affairs.
Економските #користи од процесот на пристапување кон ЕУ се најзначајни
Секоја влада гледа #краткорочно. Со промената на власта, нови политики, но секогаш само до следните избори. Пристапувањето ќе поддржи долгорочна цел и #визија
Популизмот ги поткопува структурните #реформи. Пристапувањето ќе осигура конзистентна имплементација на реформите во трите столба: образование, здравствена и социјална заштита и институции, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе донесе подобар животен стандард
Многу трошиме #непродуктивно. Пристапот до повеќе и поразновидни фондови на патот кон ЕУ ќе осигури и поголем буџет и попродуктивно трошење
Прв дебатен клуб за повеќедимензионалната детска сиромаштија
Денес го одржавме првиот дебатен клуб за идентификување преклопувања во политики, недостатоци, приоритети и заедички цели сврзани со повеќедимензионалната детска сиромаштија.
На клубот учествуваа претставници од секторите социјална заштита, образование и здравство, и од Државен завод за статистика / Enti shtetëror i statistikës.
Клубот го спроведовме во склоп на партнерската акција со UNICEF MK.
Галерија од настанот може да се види тука.
Растот на пензиите повеќе од усогласувањето може да ја зголеми границата за пензионирање
Во интервју за Lokalno, Blagica Beba Petreski зборува за тековни економски теми.
Втората причина за овој наплив на барања за повисоки примања е секако одлуката на #Уставниот суд – и последователниот #молк од страна на Владата – со која се одмрзнаа зголемувањата на платите на избраните и именуваните лица, што доведе до нивен кумулативен раст од 78%. Во моментов не навлегувам во тоа дали одредено ниво на плата е соодветно на тежината на работата и #одговорностите на еден министер, меѓутоа за таков нагол скок на платите просто не беше ни време ни место. Како Finance Think, како и други разумни гласови во општеството, ја повикавме Владата да изнајде #итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба и да отвори #дијалог во рамки на кој ќе се дојде до прифатливо решение за разумен пораст на платите на функционерите.
Повеќе: https://lokalno.mk/petreski-rast-na-penzii-koj-izleguva-nadvor-od-zakonskoto-usoglasuvanje-na-dolg-rok-mozhe-da-ja-zgolemi-granicata-za-penzioniranje/
Го објавивме СТ Став 59 за пензиски прашања
Кликнете на овој линк за да го видите нашиот став за пензиските прашања кои се дел од јавниот дискурс моментално.
На тековни економски теми, гостување во Блумберг
Видеото е достапно овде.
Прочитајте го нашиот најнов ФТ Став 58 за данокот на ектра профит
Може да му се пристапи овде.
#Foresight работилница во Берлин
Нашата Благица Петрески учествуваше на работилница за предвидување, „Иднината на Западен Балкан во 2043 година“, во Берлин, Германија, 5-6 јули 2023, во организација на Aspen Institute Germany.
Повлекувајќи се од краткорочното размислување и дневните наслови, работилницата целеше да развие стратешки пристапи со долгорочен фокус на мирот, просперитетот и интеграцијата во #ЕУ.
Нашата Благица Петрески стана Истражувачки соработник на ПЕП
Нашата извршна директорка Blagica Beba Petreski е избрана за Истражувачки соработник на PEP – Partnership for Economic Policy со седишта во Квебек, Канада и Најроби, Кенија, помеѓу 28 избрани кандидати од земјите во развој ширум светот.
Истражувачките соработници придонесуваат кон активностите на ПЕП преку #научно менторирање, обука, истражување, настани за економските политики, меѓународни конференции, публикации и советување.
Finance Think беше соработник-грантист на ПЕП во два наврати во последната деценија. Изборот на Благица, во високо-компетитивен процес, е резултат на долгорочната плодна соработка и #интернационализацијата на нашата работа.
Средба на мрежата #WEBecon за истражу-вачки студии за кризата со храна и енергија
Жива и продуктивна дискусија во рамки на заедничката средба за „Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан“, за #истражувачките студии на кои работиме со нашите партнери од мрежата #WEBecon:
Поддржани од SMART Balkans.