На тековни економски теми, Благица Петрески во Блумберг Адриа

На актуелни економски теми, нашата Извршна директорка, Благица Петрески дискутираше во емисијата „Зум ин“ на Bloomberg Adria MKD
⭕Во предлог буџетот за следната година се најавува фискална консолидација а од друга страна креираме буџет каде што има поголем раст на платите во однос на вкупниот раст на расходите, што е знак за неконзистентност во намерата на власите посочува Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“ во интервју за „Блумберг Адрија“.
⭕Во поглед на капиталните расходи оваа година, тие се пореалистични во споредба со минатата година посочува Петрески.
👉 Целиот разговор на следниот линк:

Наша прегледна #студија на конференција од УНДП

📖 Finance Think ја претстави најновата прегледна #студија „Младите на пазарот на трудот“ на конференцијата “Низ призма на младите: Зголемување на младинскиот потенцијал на пазарот на трудот во градење на иднината што ја посакуваме“, организирана од UNDP MK.
📌 Состојбата со младите на пазарот на труд континуирано се подобрува, иако тие остануваат во понеповолна позиција во поглед на другите возрасни групи
📌 Иницијативи како #МладинскаГаранција, која ја спроведува Министерство за труд и социјална политика, се позитивен импулс за младинските исходи на пазарот на трудот
📌 Образованието и стекнувањето вештини се клучни во современото општество. Квалитетното образование и развивањето вештини во области како информациска технологија, иновации и претприемништво можат значително да ги зголемат можностите за успех и да придонесат за економскиот развој на земјата
Фотокредит: УНДП.

Регионална работилница во соработка со МОТ

Finance Think во соработка со Меѓународната организација на трудот ја спроведоа регионалната работилница “Размена на знаење за движењето на работната сила и сезонската работа: Адресирање на непријавена работа”. Работилницата е дел од регионалниот проект на ЕСАП 2, поддржан од ЕУ.

Finance Think на 9-тиот Форум на граѓанското општество во Западниот Балкан во Солун

Finance Think учествуваше на 9-тиот Форум на граѓанското општество во Западниот Балкан, кој на 19 и 20 октомври 2023 се одржа во Солун, Република Грција, во организација на EESC – European Economic and Social Committee.
🌎 Во фокусот на Форумот беа #вештините и Младинската гаранција, како и #зелената агенда, кои се составен дел на нашите истражувачки програми.
Форумот собра 120 учесници, вклучително и широк спектар претставници на граѓанското општество од ЕУ и Западен Балкан, како и претставници на институциите на ЕУ, меѓународните организации и владите од регионот.

Втор дебатен клуб за повеќедимензионалната детска сиромаштија

Денес го одржавме вториот дебатен клуб за идентификување преклопувања во политики, недостатоци, приоритети и заеднички цели сврзани со повеќедимензионалната детска сиромаштија.

На клубот учествуваа претставници од секторите социјална заштита, образование и здравство, и од Државен завод за статистика.

Клубот го спроведовме во склоп на партнерската акција со UNICEF MK.

Finance Think на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Маракеш

Нашата Благица Петрески учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка кои годинава се одржуваат во Маракеш, Кралството Мароко, 9-15 октомври 2023.
Недела исполнета со #дебата, #истражувачка инспирација и нови погледи за глобалните и домашните економски #политики.

Во Топ Тема, Благица Петрески зборуваше на актуелни економски теми

📌 Растот на цените беше скоро целосно воден од #надворешни фактори во текот на 2022 година. Меѓутоа, кога тие цени започнаа да бидат во значајна надолна линија … тие падови не се пренесоа соодветно во домашната економија. Во делот на храната, домашните фактори се сведуваат на #здружено дејство на трговците и, некаде, на производителите/преработувачите, во насока на одржување на цените.
📌 Замрзнувањето на цените се покажа неопходно во услови кога пазарите се квази-конкурентски и треба во разумен, фиксен рок да го смири таквото однесување.
📌 Сепак, тука има и домашен сегмент – работната сила, чија цена порасна во меѓувреме. Според наша неодамнешна анализа, главен притисок врз цената на трудот врши недостигот на кадар на пазарот, а втор фактор е минималната плата.
📌 Ние како Finance Think бевме први уште од почетокот на годинава укажувајќи на вакви тенденции на здружување со цел одржување на цените, и уште тогаш повикавме да се вклучи и Антимонополската комисија, согласно своите надлежности, меѓутоа да има проактивен пристап.
📌 Севкупно, дизајнот на мерки треба да биде системски дизајниран и таргетиран.