
.
Економскиот форум го организиравме заедно со нашите партнери, семејството на Обединетите Нации во Северна Македонија. На форумот се обратија проминентни чинители: носители на политики, претставници на меѓународните институции и академската заедница. Кликнете за галерија.
Документот се подготвува за првпат и може да се преземе тука: bit.ly/37p8JFP
Благица Петрески, извршен директор на Finance Think ги образложи забелешките од нашиот ФТ Коментар бр. 30 на предлог Законот за буџетите (bit.ly/3ov58f1), односно потребата од допрецизирање и детализирање во делот на среднорочното буџетирање, фискалните правила и фискалниот совет. Расправата ја организираше Министерството за финансии.