Научен труд во меѓународно списание
Научниот труд на нашите Благица Петрески и Деспина Туманоска и членот на Советодавниот борд Хорхе Давалос, кој неодамна беше прифатен во меѓународното рецензирано списание Eastern European Economics (IF = .854) доби година и број 59(1), стр. 25-50.
Успешно заврши вториот од серијата вебинари за државна помош
Finance Think е дел од Aspen Berlin Policy Hub за тинк тенкови од Западниот Балкан
На 11 февруари 2021, Аспен организира дискусија на тркалезна маса на тема „Процесот на пристапување во ЕУ: Клуч за социо-економскиот развој на Западен Балкан?” на која ќе говори и нашата извршна директорка Благица Петрески. Кликнете за повеќе.
Ги покануваме општините да изразат интерес за учество во иницијатива
Деталите за повикот се достапни овде: bit.ly/3ooRee8. Ве молиме аплицирајте овде: forms.gle/oYGbWjV34af1yLWPA. Рокот е 10 февруари 2021.
Ве покануваме на вториот од серијата вебинари за државна помош
Г-а Ружица Гело, консултант за ЕУ преговори од Хрватска ќе одржи вебинар. Регистрација на следниот линк: forms.gle/WYDFadxF1uXWUQqU7
Со огромен интерес, започна серијата вебинари за државната помош
Првиот вебинар го одржа проф. Владимир Наумовски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Кликнете за да ја видите целата серија вебинари.
Благица Петрески, гостинка во Топ Тема
На актуелни економски теми, Благица дискутираше со Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ и Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата за технолошки напредни компании. Кликнете за линк.
Нашата препорака е во линија со одлука од владата
Препораката од нашата неодамнешна Студија за политиките 33: Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија е во согласност со денес-усвоената мерка на Владата за привремено намалување на царинските стапки на клучни суровини и опрема, како мерка за поддршка на закрепнувањето на компаниите по ковид-19.
Ве покануваме на првиот од редицата вебинари за државна помош
Проф. д-р Владимир Наумовски ќе одржи вебинар на тема „Државна помош: Практики во Северна Македонија“ на 27 јануари 2021 од 13 часот. Пријавете се овде: forms.gle/U8HjRhjAnrXVQcaM7