Труд во Economic Annals, регионално списание на Скопус

📓 Сегмент од нашата #студија за политиките 5️⃣1️⃣: Фискалниот простор во Западниот Балкан: Докази од скорешната повеќеслојна криза, e објавен во регионалното научно списание Економски анали.
“The fiscal space and the fiscal stimulus during crisis in the Western Balkans”. Economic Annals, 69(242), p.7-25.
Спасанието е индексирано на Скопус.
Студијата е изработена со поддршка од SMART Balkans.

Благица Петрески во подкастот „Каде се парите со Горан Теменугов“

1/4 (четвртина) од жените се домаќинки и се надвор од пазарот на труд
Околу 250.000 жени во државава се домаќинки и се надвор од пазарот на труд, во време кога фирмите увезуваат работници од странство. Научната студија на “Фајнанс тинк” ги откри причините зошто жените не работат, но даде и насоки како оваа состојба да се промени. За оваа студија, но и за фискалната политика на владата, Goran Temenugov разговараше со Blagica Beba Petreski од Finance Think во поткастот “Каде се парите?” на Pari.com.mk.

Finance Think на Форумот на граѓански организации и тинк тенкови во Берлин

Во периодот од 9 до 11 октомври, нашата Марија Башеска учествуваше на Форумот на граѓански организации и тинк тенкови 2024, организиран во рамки на Берлинскиот процес.

👉 На трите конференциски денови, низ повеќе панел дискусии се пренесоа препораките на граѓанските организации развиени за време на подготвителната работилница, поврзани со Берлинскиот процес и други актуелни теми.

▶️ Форумот беше организиран од Aspen Institute Germany и Südosteuropa-Gesellschaft e.V.

#BerlinProcess2024 #WesternBalkans #CSF2024 #WB6

Градење алијанси за одговорно буџетирање во Западен Балкан

Во периодот 2-4 октомври 2024, International Budget Partnership организираше средба со партнерите во Белград, Република Србија, која се фокусираше на 🤝💼 градење алијанси за одговорно буџетирање во Западниот Балкан.
Finance Think е партнер на Меѓународното буџетско партнерство. Нашата Деспина Туманоска зеде активно учество на настанот. Нашата заложба вклучува споделување ресурси 📚, воспоставување коалиции 🤲 и промовирање иницијативи за застапување на буџетот 📊 во земјава.
📣 Во претстојниот период следува анализа за фискалната одржливост во Северна Македонија.

Причините за женската неактивност може да се адресираат постепено и на долг рок

Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје, ја публикуваше студијата „ Зад завесата: културните норми, родовите стереотипи и ставовите за работата ја обликуваат неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија“ (Линк), како дел од серијата анализи за јакнење на економскиот потенцијал на жените. Стапката на неактивност на жените на пазарот на труд е висока (57,2%), секоја втора работоспособна жена не е вработена и не бара работа. Ниското учество на жените на пазарот на труд е резултат на повеќе фактори: ограничена поддршка за детска грижа, недостапност на флексибилни работни аранжмани, културни бариери, и домашни обврски. Оваа ситуација води до неисполнет економски потенцијал, што негативно влијае врз економскиот раст и продуктивноста. Половина од неактивните жени на пазарот на труд се во категорија домаќинки. Вредноста на работата на домаќинките е проценета на 8% од бруто домашниот производ (БДП), додека вредноста на времето што жените го поминуваат во неплатена домаќинска работа и грижа се проценува на 25,3% од БДП.

Целта на анализата е да ги идентификува причините за неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија, врз основа на анализата на културните норми, родовите стереотипи, и индивидуалните ставови кон работата, како и личните и семејните карактеристики на жените.

Резултатите покажуваат дека жените во Северна Македонија имаат 8,8% до 22,3% поголема веројатност да бидат неактивни, со возраста, образованието и бракот како важни детерминанти.

Идентификувавме 4 фактори кои придонесуваат за неактивноста на жените на пазарот на трудот:

  1. Првиот фактор, се однесува на родовите стереотипи, дискриминацијата и културните норми за грижа за децата. Овој фактор покажува дека вкоренетите општествени перцепции за родовите улоги и дискриминацијата врз основа на пол играат клучна улога во ограничувањето на учеството на жените во работната сила.
  2. Вториот фактор ги опфаќа ставовите кон работата и нормите за грижа за децата. Позитивните ставови кон работата ги мотивираат жените да се вработат, додека негативните ставови и традиционалните одговорности за грижата за децата ги одвраќаат од активност на пазарот на трудот. Ставовите за работата се значајни кога бројот на деца на жената не надминува две, но ефектот на неактивноста е посилен кога жената нема деца.
  3. Третиот фактор ги опфаќа културните норми за грижата за децата, што покажува дека приоритетите поврзани со грижа силно влијаат врз учеството на жените на пазарот на трудот.
  4. Четвртиот фактор се однесува на домашните обврски, кои традиционално се перципираат како женски задачи, што дополнително го ограничува нивното време и можности за вработување.

Сепак, зависно возраста, овие фактори влијаат различно. За жените на возраст од 18 до 34 години, само негативните ставови кон работата значително предвидуваат неактивност, што укажува на тоа дека кај младите, перцепциите за работата влијаат на нивната активност. За овие жени, родовите стереотипи и културните норми се помалку важни, што може да се смета за позитивна промена. Во групата од 35 до 49 години, негативните ставови продолжуваат да играат улога, но со поголем ефект  почнуваат да се чувствуваат родовите стереотипи. За жените на возраст од 50 до 64 години, ставовите кон работата и традиционалните културни норми значително влијаат на неактивноста.

Како овие фактори ќе влијаат  зависи и од образованието. За жените со основно или средно образование, родовите стереотипи играат важна улога, особено кај средовечните жени. Спротивно на тоа, за жените со високо образование, влијанието на овие културни фактори значително се намалува или исчезнува.

Во анализата ги користиме податоците од Европското истражување на вредностите (ЕИВ) за Северна Македонија, кое обезбедува информации за социјалните и културните вредности на 1.117 лица постари од 18 години.

На „Кафе со новинари“, ја претставивме нашата најнова Студија

📍Денес, на „Кафе со новинари“ ја претставивме нашата најнова 📖 Студија за политиките 5️2: Зад завесата: Културните норми, родовите стереотипи и ставовите за работата ја обликуваат #неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија.
Линк до студијата 🖇shorturl.at/694PM

🚀 Денес започнавме со голем истражувачко-методолошки #подвиг!

Во рамки на проектот „Отклучување на женскиот економски потенцијал – понатаму од родовите граници“, поддржан од British Embassy Skopje, целиме да поттикнеме зголемување на продуктивноста на жените на работното место, преку внимателно-дизајнирана програма за вградување меки вештини.
🪡 Акцијата ја спроведуваме во и со поддршка од компанијата Comfy Angel во Прилеп!
За првпат, овој подвиг вклучува #РандомизиранКонтролиранОбид, револуционерен метод каде учесниците 🎲 случајно се распределуваат во различни групи за да се измери влијанието на интервенцијата и да се осигура највисокото ниво на научна прецизност! 💪

Граѓанскиот надзор како мост меѓу политичките ветувања и економските реалности

Во рамки на координативната средба на грантистите на програмата Civica Mobilitas, Марија Башеска од Finance Think ги презентираше #економските и #социјалните области кои ќе бидат предмет на мониторинг во рамките на програмата: “Citizen Watch: Bridging the gap between political promises and realities in four developmental areas”, која ја спроведуваме во партнерство со: Македонско лекарско друштво, 360 stepeni, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC и Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF.
На средбата имавме можност да дискутираме со амбасадорката на Швајцарија Veronique Hulmann за клучните приоритети, подобрувањето на интерсекторската соработка и координација, како и за тоа како Civica Mobilitas може да придонесе за развојот на граѓанското учество во различни сектори.
@Embassy of Switzerland in North Macedonia

Го претставивме нашиот модел за проекции во Загреб

Finance Think, заедно со колегите макроекономисти од централните банки и министерствата за финансии од регионот, учествуваше на настан за размена на искуства и модели за проекции во Западен Балкан, во Загреб, Република Хрватска.
🚀 Го претставивме нашиот економетриски модел за продукција на годишната проекција за растот на БДП, како и моделот МК-МОД.
Настанот беше организиран од World Bank Croatia во склоп на Macro-learning Peer Events.
🇲🇰 Горди сме што работата на Finance Think е препознаена на регионално ниво.