Кои се главните мотиви да се води #нерегистрирано претпријатие?

аклучоците од нашата студија која дава одговор на ова прашање, заедно со сет #препораки, денес ги претставивме пред работната група за справување со #сивата економија при Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance.
Студијата за политиките ќе биде објавена наскоро.
Проектот е поддржан од GIZ North Macedonia.

Колкав е пазарниот апетит за #зелени и #социјални кредитни линии во земјава?

Денес одржавме почетен состанок за подготовка на Студија за испитување на просторот за структуирање на зелена и социјално-ориентирана програма на Развојна банка на Северна Македонија АД, со главниот партнер GFA Consulting Group GmbH, a со поддршка од AFD – Agence Française de Développement.

Finance Think, дел од глобалната коалиција за поинклузивна демократија

Finance Think станува дел од новата глобална иницијатива предводена од People Powered и финансирана од National Endowment for Democracy. Додека владините реформатори се’ повеќе обезбедуваат учество на јавноста во одлучувањето, маргинализираните групи премногу често се изоставени или исклучени. Ова го ограничува влијанието на демократските иновации. Програмата ќе ја направи партиципативната демократија поинклузивна за младите, жените и раселените лица (вклучувајќи бегалци, имигранти и внатрешно раселени лица).

Активностите на иницијативата, кои се протегаат до првиот квартал на 2024 година, ќе вклучуваат:

  • Работилници и состаноци меѓу организациите членки на People Powered кои имаат моќ за да ги идентификуваат најдобрите практики да ја направат демократијата партиципативна.
  • Креирање онлајн курсеви и ресурсни материјали за да им се помогне на организациите да ги имплементираат најдобрите практики.
  • Развој на мултимедијални приказни кои го оживуваат човечкото влијание на оваа работа, за да убедат повеќе влади и организации да го направат учеството поинклузивно.

Повеќе за проектот на следниот линк.

Работилници со општините за оптимизација на парафискалните давачки

📑 Продолжуваме со работилници за оптимизација на парафискалните давачки и воспоставување дијалог за креирање политики на локално ниво.
18 Општини се вклучени во процесот кон подигање на финансиската транспаретност со фокус на парафискалните давачки.