Работилница – Од статистички податоци до ефективни политики

📊 Од статистички податоци до ефективни политики!
Денес ја одржавме работилницата „Од статистички податоци кон креирање ефективни економски и развојни политики“, со фокус на родови статистики, во соработка со Државниот завод за статистика МакСтат / MakStat. 👥
🔍 Заедно со претставници од сите релевантни институции ги вкрстивме:
✔️ Расположливите податоци од ДЗС
✔️ Нивната искористеност во истражувачки анализи и моделите на Finance Think
✔️ Можностите за вградување на наодите во креирањето политики
🎯 Нашата цел: Податоците да бидат основа за креирање политики базирани на докази – за поинклузивен и правичен развој!
Поддржано од British Embassy Skopje

Finance Think и CREDO од Универзитетот во Дубровник потпишаа Меморандум за соработка

Скопје/Дубровник – Finance Think – Институт за економски истражувања и политики од Скопје и Центарот за истражување на дигиталната трансформација (CREDO) при Универзитетот во Дубровник потпишаа Меморандум за разбирање (MoU) со цел поттикнување на соработката во истражувањата, градењето капацитети и академската размена.

Меморандумот, потпишан на 18 март 2025 година од д-р Благица Петрески, извршна директорка и главна економистка на Finance Think, и проф. д-р Небојша Стојчиќ, основач на CREDO и ректор на Универзитетот во Дубровник, воспоставува рамка за заеднички иницијативи во областа на економијата, јавните политики и дигиталната трансформација.

Како две водечки институции препознаени по својата извонредност во економските истражувања и дигиталната трансформација, ова партнерство ги спојува експертизата на Finance Think во анализа на политики базирани на податоци и економски решенија засновани на докази со напредните истражувања на CREDO во областа на дигиталната трансформација, бизнис иновациите и економската конкурентност.

Според овој договор, двете институции ќе ги здружат силите во неколку клучни области за унапредување на истражувањето и размената на знаење. Особен акцент ќе биде ставен на заедничките истражувачки проекти, каде што Finance Think и CREDO ќе соработуваат на високо-импактни студии во економијата, јавните политики и дигиталната трансформација. Препознавајќи ја важноста на градењето на капацитети, тие ќе дизајнираат и спроведуваат специјализирани програми за обука, работилници и семинари за да ги опремат истражувачите, студентите и професионалците со најсовремени вештини и знаења.

Дополнително, ова партнерство ќе ја зајакне меѓународната соработка преку програмите Erasmus+ и други проекти финансирани од ЕУ, овозможувајќи размена на кадри, заеднички апликации за проекти и координирана имплементација. Двете институции исто така ќе ја постават размената на знаење како приоритет, обезбедувајќи слободен пристап до истражувачките резултати, податоци и академски ресурси за поттикнување на иновациите и зајакнување на нивните академски и истражувачки полиња.

Finance Think и CREDO ќе работат тесно и на академскиот и политичкиот ангажман, преку заедничка организација на конференции, подготовка на заеднички публикации и придонес кон развојот на јавните политики засновани на докази.

“Како водечки истражувачки институт посветен на обликувањето на економските политики преку ригорозна анализа, Finance Think со голем ентузијазам влегува во оваа соработка со CREDO. Заедно ќе го унапредиме истражувањето и градењето на капацитети, со што ќе придонесеме кон економска отпорност, дигитални иновации и одржлив развој во регионот,” изјави д-р Благица Петрески, извршна директорка на Finance Think.

Надоврзувајќи се на ова, проф. д-р Небојша Стојчиќ, ректор на Универзитетот во Дубровник, додаде: “Ова партнерство претставува значаен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка во економските истражувања и дигиталната трансформација. И Finance Think и CREDO изградиле силна репутација на извонредност, а со комбинирање на нашата експертиза, целиме да создадеме значајно влијание врз политиките и да ја поддржиме академската заедница во нашите полиња.”

Меморандумот стапува на сила веднаш и ќе остане во важност три години, со можност за продолжување. Двете институции се посветени на искористување на своите предности за поттикнување на иновации, извонредност во истражувањата и прекугранична академска соработка.

Нашата најнова #книга на Амазон!

🚀 Со гордост ви ја претставуваме нашата најнова #книга “The Path Forward – Lessons from the Western Balkans’ Food and Energy Insecurities”, меѓународна публикација достапна на #Amazon, објавена од #LambertPublishing! 🔥
📖 Овoj компендиум од студии ги анализира најголемите тековни економски предизвици на Западниот Балкан – енергетската криза, зголемените цени на храната, фискалната отпорност и владините политики. Како регионот се справува со овие кризи? Кои мерки функционираат, а каде има простор за подобрување? 👉 Нашата книга нуди конкретни препораки за посилна економија и одржлив развој.
🌍 WEBecon Network, единствената регионална мрежа на економски тинк-тенкови, стои зад ова издание, продолжувајќи ја својата мисија за креирање политики засновани на докази и податоци.
📌 Достапна на: Amazon – https://amzn.to/4io8gpd
📢 Поддржете ја оваа иницијатива – споделете, читајте, дискутирајте!
Создавањето на студиите и на оваа книга е поддржано од SMART Balkans.

Дискусија со бизнис секторот за продуктивноста, со фокус на жените

📢 На денешната дискусија со бизнис сектор, дискутиравме за:
📈Практики од бизнис секторот за продуктивноста и активација на работната сила, со особен фокус на жени.
⚙️Потребите и неопходните промени во регулативата и политиките за да се зголемат продуктивноста и целосна искористеност на економскиот потенцијал на жените. 🚀
🎯 Ги валидиравме дизајнираните препораки, од нашите истражувања
Дискусијата беше организирана во соработка со British Business Association in North Macedonia и поддржано од British Embassy Skopje
Следете не!

📊 Активности за соработка со Државниот завод за статистика

📣 Вчера, со Државниот завод за статистика МакСтат / MakStat дефиниравме активности кои ќе го зголемат обемот на соработка.
Државниот завод за статистика и Finance Think потпишаа меморандум за соработка уште во 2017 година, кој беше фокусиран на зајакнување на врските со корисниците на статистичките податоци од областа на научните истражувања и политиките.
Состанокот има за цел да го прошири ова партнерство и да ги дефинира новите активности и можности за активно учество на невладиниот сектор во споделување на податоци, истражувања и ресурси, со цел унапредување на економските политики.

Програмата за личен развој успешно заврши! 🎉

📃 На 50 вработени во компанијата Comfy Angel од Прилеп, кои активно учествуваа во 🚀 Програмата за извонредност и личен напредок (ПИЛН) им доделивме сертификати што ги потврдуваат стекнатите вештини и знаења за зголемување на продуктивноста и јакнење на човечкиот капитал.
🔢 Оваа програма е дел од нашите напори да ги примениме податоците и наодите од анализите директно на терен, во реалниот сектор.✅️ Нашата цел е да создадеме суштински промени кои ја подобруваат работната средина и личниот развој на секој вработен и го отклучуваат женскиот економски потенцијал.
👱‍♀️Несомнено, задоволството на учесниците во програмата е на високо ниво. Тоа го потврдуваат и нивните коментари како „За прв пат почувствуваме дека некој мисли и на нас, работниците“, „Благодарни сме за можноста да научиме многу нови работи“ и „Се чувствува промена“.

Се одржа Регионална дебата за јавни политики

📣 Денес се одржа Регионална дебата за јавни политики „По кризата со цените на храната: Патоказ за прехранбена самоодржливост во регионот на Западен Балкан – Научени лекции и патот напред“.
🗣 На дебатата дискутиравме за зависноста од увоз на прехранбени производи, потребата од рамномерен регионален развој и адаптација на климатските промени, како и регионална соработка во регионот на Западен Балкан.

Економистите од WEBecon Network во подкастот „Каде се парите?“

Бојкот. Незадоволство. Скапотија.
Регионот се бунтува против високите цени во продавниците.
Но, дали кризата е при крај и ова се само последните, задоцнети последици од неа?
Дали регионот во овие четири години сериозно осиромаши?
Дали ако имаме нова криза, ќе може да се справиме со неа?
Одговорите на овие дилеми ги даваат нашите економисти од WEBecon Network:
📌 Марија Башеска од Finance Think, Северна Македонија
📌 Војин Голубовиќ од ISSP, Црна Гора
📌 Лазар Ивановиќ од Centar za visoke ekonomske studije – CEVES, Србија
📌 Амела Курта од CREDI, Босна и Херцеговина
Во подкастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов на Pari.com.mk.
👇👇👇
https://www.youtube.com/watch?v=mFkYg0UkKJA