Меморандум со Комфи Ангел за пилотирање мерки за продуктивноста

⚙️📈Золемувањето на продуктивноста е клучна за поттикнување на конкурентноста.
✍️Со бизнис секторот ќе работиме на идентификација на мерки кои придонесуваат за поголема продуктивност, а преку импакт евалуација, ќе мериме кои мерки даваат резултат.
🤝Заедно со Comfy Angel ќе пилотираме мерки, кои треба да ја поттикнат продуктивноста. За таа цел потпишавме меморандум за соработка.
🎯Целта на оваа акција е да ги поттикне и да им овозможи на жените да го достигнат својот целосен потенцијал на пазарот на трудот, со посебен фокус на продуктивноста. British Embassy Skopje

Дебатен клуб на тема продуктивност со бизнис секторот во Прилеп

🗣Дебатен клуб на тема продуктивност и како да се поттикне истата, со бизнис секторот во Прилеп.
📊📇Во претстојниот период, задно ќе работиме на имплементација и мерење на мерки кои имаат потенцијал да ја поттикнат продуктивноста, со фокус на продуктивноста на жените.
Учествуваа 20 претставници од најзначајните компании од Прилеп, од домашните и странските инвеститори од различни сектори.
Поддршка добивме и од Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Rotary Club Prilep

Finance Think на Форумот за граѓанско општество за Западен Балкан и Турција во Белград

🇲🇰 Форумот за граѓанско општество за Западен Балкан и Турција, се одржува од 11 до 13 јуни во Белград, Србија, поддржан од EU TACSO и DG NEAR.
Овој форум им овозможува на граѓанските организации да се вмрежуваат и да дискутираат за клучни прашања. Овогодинешниот фокус беше на обновениот интерес за проширувањето на ЕУ 🌍, со дискусии за Планот за раст на Западен Балкан 📈 и разни други теми.
Благица Петрески од Finance Think дискутираше за #Планот за раст, отсуството на консултации и потребата од правилно планирање и следење.

Нашите скорешни наоди за фискалниот простор во подкастот „Каде се парите?“

📍 Дали енергетската криза и борбата со инфлацијата ја остави празна државната каса?
📍 Дали ако имаме нова криза ќе имаме пари за да се справиме со неа?
📍 Дали субвенциите за електрична енергија и за земјоделство се пари фрлени во ветер? Каде погрешивме? А, како да не погрешиме во иднина?
📍 Кои мерки да се преземат што по брзо да се надминат последиците од кризите?
📍 Дали се зголеми сиромаштијата?
Одговорите ги дава нашата Благица Петрески во подкастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов.
https://www.youtube.com/watch?v=RXJGjubDseQ

Успешно заврши Економскиот форум „По бурата“

На 30 мај 2024 година Finance Think го организираше Економскиот форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“, чија цел е да се презентираат нови наоди за ефектите од неодамнешната криза со цените на храната и енергентите, потпирајќи се на Студиите на политиките за Западен Балкан, со осврт на четири клучни аспекти: егзистенцијата на домаќинствата, конкурентноста на компаниите, фискалниот простор и регионалната интеграција (линк до сумираниот дел и студиите). На настанот дополнително се дискутираше за патоказ со следни потребни мерки и акции за обезбедување самоодржливост и отпорност на шокови за земјите од Западен Балкан.

Енергетската криза предизвика драматичен раст на цените на енергентите во земјите од Западен Балкан. Покрај големата зависност од фосилните горива и увоз на електрична енергија, неефикасностите во енергетската потрошувачка дополнително го продлабочија проблемот. За разлика од ЕУ, земјите од Западен Балкан трошат 50% повеќе енергија за да произведат еднаков обем на БДП. Во текот на последните 6 години, регионалните капацитети за обновлива енергија растат речиси три пати побавно отколку во ЕУ.

Оваа криза која се надоврза на пандемиската криза се одрази и врз сиромаштијата во регионот. Во случајот на Босна и Херцеговина, зголемување од 17.4% на цените на електричната енергија придонесе кон зголемување од 4 процентни поени на стапките на сиромаштија на поединците и домаќинствата, при што нискодоходните домаќинства беа особено погодени.

За да се справат со неповолните ефекти од кризата, владите на земјите од Западен Балкан воведоа анти-кризни мерки за домаќинствата во проценет износ од 3.5 милијарди долари во Западниот Балкан, што го влоши и онака истрошениот фискален простор. Во Северна Македонија, субвенциите за електрична енергија за домаќинствата достигнаа 3.2% од БДП, со што значително го оптоварија буџетот и потенцијално придонесоа кон намалување на расходите за социјална и здравствена заштита. Позитивен исход од овој период е фактот што во среднорочните фискални стратегии на земјите од Западен Балкан се предвидуваат и поголеми инвестициски планови за развој на енергетскиот сектор, што се клучни за спречување на идни шокови од ваков тип, како и за намалување на дополнителниот пристикок врз фискалната политика.

Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка, надлежна за  Северна Македонија, Србија и Црна Гора, истакна: „Западен Балкан во моментов се соочува на критична точка, при што нестабилноста во храната и енергијата претставуваат значителна закана за економската стабилност на регионот. И SMART Balkans проектот и FINANCE THINK ги идентификуваа овие несигурности како итни прашања кои ги засегаат сите сегменти на општеството, вклучително и егзистенцијата на домаќинствата, конкурентноста на фирмата, фискалниот простор и регионалната интеграција. Експертите ја истакнаа потребата на Западен Балкан за инвестиции во енергетска инфраструктура и поддржувачки институции и политики за да се обезбеди сигурна, достапна и одржлива енергија. Главните причини за несигурноста на храната во Западен Балкан доаѓаат од економската нестабилност, еколошките предизвици и социјалните разлики. Високите стапки на невработеност и нискиот БДП по глава на жител ја ограничуваат куповната моќ на домаќинствата, ограничувајќи го пристапот до хранлива храна. Временските неприлики и природните катастрофи дополнително влијаат на производството и дистрибуцијата на храна. Решавањето на овие причини бара напори за зајакнување на економскиот раст, зајакнување на земјоделската отпорност и промовирање на социјалната правда“.

Дајана Цвјетковиќ, Проектен менаџер на СМАРТ Балканс, сподели „Горда сум што проектот SMART Balkans ја препозна важноста на проектот Совршената бура: Несигурностите во храната и енергијата ги загрозуваат економиите на Западен Балкан. Се охрабрувам кога гледам многу луѓе кои се заинтересирани за оваа тема и работа на тинк тенк организациите здружени околу овој проект. Методологијата и пристапот претставуваат голем придонес за посилни, поодржливи и поживи граѓански организации кои работат во регионални партнерства за да влијаат на политиките во однос на стабилноста на храната и енергијата во Западен Балкан. Брилијантните умови на овој конзорциум се посветени на генерирање докази и поттикнување политички дијалог за прехранбената и енергетската несигурност низ целиот регион“

Благица Петрески, Извршен директор на Finance Think, потенцираше: „Во поглед на предизвиците, на нашиот пат кон закрепнување, потребно е да се стави фокус на градење отпорни и одржливи економии. Потребна ни е таргетирана социјална поддршка и стабилизација на цените на енергентите како критични мерки за ублажување на негативните ефекти од енергетската криза врз егзистенцијата на домаќинствата.“

Економскиот форум се организира во рамките на проектот „Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан“, поддржан од СМАРТ Балканс – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Линкот до целиот настан е овде.

Finance Think на Civil Society High-Level Conference во Љубљана

Економија, просперитет и стабилност се изгласани како најзначајни бенефити за Словенија од пристапувањето во ЕУ. 🌍💼📈
Можеме ли да учиме од нивното искуство и да ги забрзаме реформите? 🤔✨
За планот за раст, патот за пристапување на Западен Балкан кон ЕУ, социо-економската конвергенција ќе се дискутира на денешната конференција: “Civil Society High-Level Conference: Continuing the success story of EU enlargement – bringing benefits to the Western Balkans in advance of accession” 📢
Како членка на Европскиот економски и социјален комитет, извршната директорка Благица Петрески, е учесник на оваа конференција. 👩‍💼💬

Учествуваме на годишната средба на People Powered во Варшава

💡📊 Партиципативно буџетирање и родово одговорно буџетирање се две алатки кои даваат резултати во креирањето поефективни, ефикасни и инклузивни политики.
🌍🤝 Finance Think ги применува овие алатки и креира наоди за нивното влијание. Минатата недела, како членка на меѓународната мрежа People Powered учествувавме на годишната средба на мрежата, која се одржа во Варшава, Полска.
📣🌐 Нашите наоди, искуства и практики беа промовирани во воведната сесија, во присуство на учесници од 47 земји.
🛠️📈✨ Истовремено, ги збогативме нашите знаења за иновативните демократски алатки за градење подобри и поинклузивни политики.

Наш придонес кон публикација од Институтот Аспен

📣 Нашиот бриф „Дигитализација и испорака на јавни услуги“ е придонес кон публикацијата „Дигитализација и демократизација во #ЗападенБалкан“ од Aspen Institute Germany.
Оваа публикација обезбедува преглед на препораките развиени на конференцијата во Подгорица во декември 2023.
Прочитајте повеќе📖: rb.gy/kcnztb

Меморандум за соработка со Фискалниот совет

🤝 Денес сме горди да објавиме потпишување Меморандум за соработка со Фискалниот совет на Република Северна Македонија! 🇲🇰
Овој Совет, основан првпат во 2023 година, игра клучна улога во надгледувањето на #фискалната политика, обезбедувајќи отчетност и транспарентност во користењето на јавните финансии.
💰 Нашата #соработка ќе вклучува заеднички иницијативи во областите на фискалната анализа, одржливоста на јавниот долг, ефикасноста на јавното трошење, 📈 мониторингот на капиталните инвестиции и други слични области.