На темата за родовата рамноправност на 👫 пазарот на труд, нашата Деспина Туманоска дискутира во видеото на оваа тема подготвено од Фондација Отворено општество – Македонија.
Брошурата „Зајакнување на жените во земјоделството“ ги претставува мерките што се на располагање за подигнување на животниот стандард и продуктивноста на жените земјоделки, што е особено важно во време на Ковид-19 криза.
Ги слушнавме мислењата и искуствата на жителите на село Ропотово, општина Долнени, за тоа како пандемијата влијаеше на нивната живеачка, доход, работа во земјоделието.
Во емисијата во која домаќин беше Наташа Стојановска, учествувапе и министерот за економија Крешник Бектеши. Се дискутираше за ефектите од Ковид-19 и владините економски мерки.
Нашите Благица Петрески и Деспина Туманоска, и членот на Советодавниот одбор Хорхе Давалос, објавија научен труд во меѓународното рецензирано списание Eastern European Economics (импакт фактор на Web of science 0.854).
Finance Think учествува на меѓународната конференција „Преговори во областа на политика на конкуренција и државна помош: Научени лекции и идни предизвици“, која хибридно се одржува во Подгорица, во организација на Црногорската паневропска унија.
Наодите за тоа како Ковид-19 ќе се одрази врз сиромаштијата, и оценката на владината мерка за олеснети услови за гарантирана минимална помош наидоа на широко медиумско покривање.
На новинарски брифинг беа претставени резултатите од истражувањето за ефектот од Ковид-19 врз сиромаштијата, како и оценка на олеснетите услови за гарантирана минимална помош.
По повод менѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, , 17 октомври, ќе ги споделиме нашите резултати за тоа како Ковид-19 влијае врз сиромаштијата. Заинтересираните новинари за онлајн брифингот може да се пријават на events@financethink.mk