Повикот се однесува на жители на Велес, Свети Николе, Струмица, Кочани и Ѓорче Петров!
Пријавување на https://forms.gle/es6MqYJDg6sFpRyV8
Среќна Нова 2021 година!
Нова студија за политиките!
Нашата Студија за политиките 33 ги истражува ограничувањата и потенцијалите на извозно ориентираните компании да придонесат за растот по Ковид-19. Кликнете за пристап.
Ги покануваме економските новинари на брифинг за презентација на резултати
Годинава ќе ја заокружиме со споделување на нашите резултати за ограничувањата и потенцијалите на извозно-ориентираните компании да го помогнат закрепнувањето по Ковид-19, на онлајн Брифинг со новинари.
Заинтересираните новинари за проследување на резултатите ги покануваме да испратат ФБ порака или на events@financethink.mk.
Објавен труд во високорангирано списание
Консултативна средба за прелиминарни наоди од студија
Денес, пред релевантните чинители и носителите на политиките, ги презентиравме клучните наоди и препораки од студијата „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, која ќе биде објавена #наскоро.
Истражувањето е дел од проектот „Остварување на потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за закрепнување по Ковид-19“, поддржано од British Embassy Skopje.
Успешно заврши економскиот форум за социоекономските ефекти од Ковид-19
Економскиот форум го организиравме заедно со нашите партнери, семејството на Обединетите Нации во Северна Македонија. На форумот се обратија проминентни чинители: носители на политики, претставници на меѓународните институции и академската заедница. Кликнете за галерија.
Економски форум за социо-економските последици од Ковид-19
Нашата работа во 2020 посветена на анализа на економските, социјалните и развојните ефекти од ковид-19, ја заокружуваме со економски форум, со семејството на Обединетите Нации. Кои лекции ги научивме од КОВИД-19? Како до побрзо закрепнување?
На конференцијата ќе се обратат сите клучни чинители во социо-економската сфера во земјата.
Finance Think придонесе кон создавањето на Заедничката анализа за земјата на ОН
Документот се подготвува за првпат и може да се преземе тука: bit.ly/37p8JFP