Кликнете за галерија.
📣 Ве покануваме на супер кул настан овој четврток во Kaffeine
Ја продолжуваме соработката со општините
Општина Боговиње е една од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност.
Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.
Учество на работилница во рамките на проектот WeBER 2.0
Нашата Сандра Соколенко-Тодороска учествува на работилницита за грантисти во рамки на проектот ВеБЕР 2.0: Зајакнување на граѓанското општество од Западен Балкан за реформирана јавна администрација, која се одржува во периодот 7- 9 јули во Маврово во организација на Институт за европска политика (ЕПИ).
Прочитајте го нашиот најнов ФТ Став бр. 53 за намерата да се воведе 🌎 еколошка такса
Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата) кој би се движел од 0.15 до 0.3 проценти.
Иако релативно мал, ценовниот ефект не треба да се потценува. Препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1.5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022.
Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција.
Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање.
Finance Think придонесе кон подготовката на бизнис изданието на Балкан барометар 2021
Изданието денес се промовираше во Тирана од Regional Cooperation Council – RCC. Наш партнер во оваа активноат е @ACIT.
Ве покануваме за ваш став во кратка анкета!
Ни треба вашето мислење во анкета која одзема само 1 минута од вашето време.
Линк до анкетата https://www.questionpro.com/t/AOCeHZmtJR
Ви благодариме!
Промо на нашата работа врз оценка на ефектите од Ковид-19 врз 🚜 земјоделските работници.
Во претходниот период, две активности сврзани со тоа вклучија:
. Објава на нашиот Бриф за политиките бр. 46 (bit.ly/3wfv8Q5) во специјализираното списание Зелена Берза, со цел да допре до што поширок опсег земјоделци;
. Дисеминација на нашата брошура за зајакнување на земјоделките (bit.ly/38aNNmT) на настанот „Селанска буна“ организиран од нашите пријатели ЛАГ Агро Лидер во селото Славеј, Прилепско.
Сите активности се во склоп на проектот за оценка на ефектите од Ковид-19 врз ранливите групи работници, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија
Успешно заврши тркалезната маса за несигурни работни места
Кликнете за галерија!
Ве покануваме на Тркалезна маса!
Кликнете врз линкот за регистрација на физичко присуство.