Нашата мрежа WEBecon имаше успешна редовна средба, на која дискутиравме за прашањата на управувањето и активностите за претстојниот период.
Благица Петрески со активности за вмрежување во Чикаго
Нашата Благица Петрески оствари средба со претставници на Chicago Council on Global Affairs, непрофитна организација посветена на зголемување на знаењето и ангажманот во глобалните работи, од Чикаго, САД.
Приемот беше проследен со настан за вмрежување на кој дискутираа американскиот амбасадор во Народна Република Кина, Николас Барнс и Феј Хартог Левин од Советот за главните прашања на односите денес и за нивните изгледи.
Finance Think на 9. состанок на Националната работна група за реформа на јавната администрација
🗃 Нашата Despina Tuman ги презентираше наодите од проектот „#Буџет за сите: Граѓански консултации за креирање буџет според локалните потреби“ на деветтиот состанок на Националната работна група за реформа на јавната администрација, во организација на Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI, кој ја поддржа оваа акција во рамки на проектот WeBER 2.0.
Finance Think учествуваше во дијалогот за Програмата за економски реформи 2023-25
Finance Think учествуваше во дијалогот за Програмата за економски реформи 2023-25, организиран од Delegation of the European Union, Skopje.
Правиме континуиран придонес кон консултативниот процес во земјава, низ објективна, базирана на докази и податоци, анализа на тековните економски трендови и економските политики.
Средба за следење на резултатите за родово-одговорно планирање на локално ниво
За резултатите од нашиот проект „Родово-одговорно планирање на локално ниво: Случајот со Прилеп и Крушево“, разговаравме со драгите колеги од Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција, кои го поддржаа во улога на донатор, во рамки на нивната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“.
Finance Think на Форум на граѓански организации во Берлин
Finance Think го поддржува процесот на подготовка на Националната развојна стратегија 2022-2042
Со жителите на Прилеп и Крушево одржавме фокус група

Finance Think учествува во изградбата на ресурси за градење капацитети за партиципативни практики
