Еколошката такса ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво (инфлацијата) кој би се движел од 0.15 до 0.3 проценти.
Иако релативно мал, ценовниот ефект не треба да се потценува. Препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, и тоа: 1.5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022.
Силно препорачуваме да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција.
Препорачуваме Владата да го отвори прашањето за финансирање на зелената транзиција за поширока дебата и консултации, вклучително и за алтернативните модели за финансирање.