Целта на проектот е да се предвиди големината и влијанието на дознаките од странство и иселувањето во 4 земји од Западниот Балкан, преку нов метод: Делфи прашалник.
Поконкретно, проектот ги има следните задачи: 1) да обезбеди преглед на литература за прогнозирање на дознаките од странство и иселувањето; 2) да се соберат податоци преку прашалник Делфи од економски експерти и приматели на дознаки; 3) да се предвидат дознаките и иселувањето врз основа на податоците добиени во (2); 4) да даде препораки за политиките врз основа на предвидените трендови; и 5) да се споредуваат прогнозираните трендови меѓу четирите земји.
Донатор: Регионална програма за промоција на истражувањата
Партнери во проектот: ACSER Албанија, FREN Србија, индивидуален истражувач Косово
Времетраење: 6 месеци (2016)
***
Проектна средба, Истанбул, Турција, 27-30 Октомври 2016 – Агенда – Галерија
Тркалезна маса на тема “Иднината на дознаките од странство и иселувањето: Може тие да се предвидат?”, 22 ноември 2016 година, на Економскиот факултет во Прилеп – Покана и агенда – Галерија
Инфографикони – Mакедонија – Србија – Aлбанија – Koсово
Медимско присуство – MРT – Teлма – Нова Македонија
Резултати од прогнозирањето – Македонија – Србија – Албанија – Косово