Општа цел на проектот е екс-пост проценка на влијанието на измените во Законот за минимална плата врз системот (економијата) и главните засегнати страни (работниците и работодавачите).
Специфични цели на проектот се:
- Да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз вработеноста и животниот стандард;
- Да го процени влијанието на зголемената и изедначената минимална плата врз Буџетот на РМ;
- Да го документира просторот и формите за (не)почитување на Законот за минималната плата, како и потешкотиите при неговата имплементација, и квалитативно да ги оцени реперкусиите;
- Да ги поттикне носителите на политиките да донесуваат информирани одлуки базирани на соодветни анализи и препораки базирани на докази;
- Да ја зголеми јавната свест за измените во Законот за минимална плата, нивното влијание и потреба од нивно почитување;
- Да ги едуцира работниците за нивните работнички права, во насока на намалување на притисоците и компромитациите на кои подлежат при исплата на минималната плата.
Времетраење: Јануари – Декември 2018
Донатор: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје