Советодавниот одбор на Finance Think е соствен од истакнати дејци во економската мисла во земјата и странство. Целта на советодавниот одбор е да го советува Главниот економист за програмските насоки на здружението и да помогне во профилирањето на високо стручни и кредибилни препораки за носителите на политиките, базирани на истражувачки докази. Советодавниот одбор е воспоставен на 1 јануари 2013 година, со мандат од 5 (пет) години. Одборот брои најмалку 3, а најмногу 10 членови.