Главната цел на проектот е „Да се зајакне мрежата FISCAST во мониторингот на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки“.
Оваа главна цел е поделена на специфични цели што вклучуваат конкретни интервенции на четири фронта.
Специфична цел 1: Да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата FISCAST да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината;
Специфична цел 2: Да се подобри буџетот на општината и транспарентноста на парафискалните давачки;
Специфична цел 3: Да се воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики;
Специфична цел 4: Да се зголеми јавната свест за придобивките од повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитети да дејствуваат на локално ниво.
Времетраење: јануари 2021 година – јули 2023 година
Донатор: Европска делегација
***
Повици и тендери
Повик за тендер за дизајн и печатење материјали 03-156-01 ИПА-2020-420-727-01