ПОРАНЕШНИ ВРАБОТЕНИ

Горди сме на нашите поранешни вработени, од кои повеќето продолжија во продуктивни кариери.

Теодора Арсовска

Теодора беше член на тимот на Finance Think од октомври 2016 до мај 2017 година, како како дел од Програмата за професионален развој на млади истажувачи на Тhink Tank Fund од Будимпешта. Теодора магистрираше на Универзитетот во Љубљана. Ја продолжи својата кариера во Стопанска банка АД Скопје.

Иван В`чков

Иван беше дел од тимот на Finance Think помеѓу октомври 2015 и декември 2018. Тој работеше на прашања сврзани со фискалната транспарентност, партиципативното буџетирање, дознаките и родовиот јаз во платите. Тој магистрираше на Универзитетот од Оулу, Финска и на Универзитетот од Велс – Институт, Кардиф. Иван ја продолжи својата кариера во UN Women.

Ива Трајковска

Ива беше дел од тимот на Finance Think од април 2018 до јануари 2019. Таа работеше на прашањата за дијагностика и надминување на јазот меѓу странските и домашните компании во Македонија. Магистрирала на Hult Business School, Велика Британија. Kариерата ја продолжи во Грант Торнтон.

Бојана Јосифовска

Бојана беше дел од тимот на Finance Think помеѓу декември 2018 и мај 2019 година. Магистрираше Финансии на Кралскиот колеџ во Лондон, каде што дипломираше со Почест. Бојана работеше на анализа на различни економски прашања во Finance Think. Ја продолжи својата кариера во Народната банка на Република Северна Македонија.

Милош Ѓуроски

Милош беше член на тимот на Finance Think помеѓу јуни 2015 и јуни 2018 година. Милош беше одговорен за визуелизациите и јавниот имиџ на Finance Think. Магистрираше на Универзитетот во Скопје. Тој ја продолжи својата кариера во А1 Македонија.

Тереза Кочовска

Тереза беше член на тимот на Finance Think од октомври 2015 до април 2020. Таа работеше на прибирање податоци, административни прашања и повремена економска анализа. Магистрирала на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Благој Ѓелевски

Благој беше член на тимот на Finance Think од јуни 2017 до мај 2020, како теренски координатор на мрежата FISCAST. Тој е магистер по политички менаџмент од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ја продолжи кариерата во Тивиус Продукција.