Нашиот најнов Бриф за политиките одговара на прашањето дали владините #мерки за ограничување на цените на храната даваат ефекти
Мерките за ограничување на цените на храната имаат силен ефект само во првиот месец од примената, со намалување на инфлацијата до -1%!
По првиот месец, ефектот се разводнува поради пазарни прилагодувања, како што се раст на цени на алтернативни производи.
Инфлацијата се враќа на претходната динамика веднаш по престанокот на мерките, но нема натфрлување.
Finance Think препорачува ограничувањата да се користат само при многу висока инфлација. Во другите случаи, потребни се структурни и пазарно засновани мерки.
Целиот бриф: shorturl.at/KApmC