Наодите од нашата #студија за нерегистрираните микровршители на економска дејност ги споделивме на конференцијата “Обликување на идната агенда за намалување на #административниот товар во Западен Балкан”, која се одржа во Приштина, Република Косово, 7-8 февруари 2024.
Европската унија и #германската влада, ОЕЦД/СИГМА и GIZ Kosovo вложуваат во дијалогот за различните фази на реформа за испорака на услуги, со цел да се намалат административните оптоварувања и да се обезбеди висококвалитетни и лесно достапни услуги за бизнисите и граѓаните во #ЗападенБалкан.
Фотокредит: GIZ Kosovo