Општата цел на проектот е да се подобри транспарентноста и да се генерираат докази за државната помош поврзана со СДИ во контекст на регионалната интеграција на земјите од Западен Балкан.
Целокупната цел е поделена на следните специфични цели:
- Да се идентификуваат (мапираат) програмите за државна помош и клучните мерки и да се поврзат со мерливи индикатори за ефективност,
- Да обезбедат докази за државната помош доделена на странски компании во поглед на нејзината ефикасност и поддршка на регионалната интеграција,
- Да се зголеми јавната свест на регионално, национално и локално ниво преку влијание на јавниот дискурс за важноста на транспарентноста на државната помош и усогласувањето со барањата на ЕУ и како промотор на регионалната интеграција.
Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан