Општа цел на оваа акција е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истажувања и водена од економски податоци.

Специфичната цел е да ги оспособи конституентите на ФТ за вклучување во робустна економска дебата и да предложи палета од начини за поттикнување и водење критична и аргументирана економска дебата. Акцијата цели кон постигнување на следните резултати:

  1. Конституентите на ФТ имаат стекнати вештини и знаења за вклучување во и водење на економската дебата, и вештини за вклучување податоци и докази во заеднички каузи.
  2. Економската дебата во Македонија станува покритична, поаргументирана, пожива и поразновидна, и се` почесто вклучува ГО и други актери на граѓанското општество. и
  3. Информираноста на ГО и јавноста во економската дебата станува ажурирана, повеќестрана и тематски поразновидна.

Активностите на акцијата се групирани околу погорните три резултати. Првиот резултат ќе се постигне преку следните активности: работилници за секоја од целните групи, за методи за анализа, синтеза, толкување, визуелизација и користење економски податоци; формирање консултативна група помеѓу ФТ и клучните носители на економски политики, како и работна средба со Советодавниот одбор на ФТ и граѓанските организации, со цел координација и план за подигнување на свесноста и изготвување предлози за користењето на економските податоци и наоди; објавување конкурс за најдобар есеј на темите од ФТ. Вториот резултат ќе се постигне преку следните активности: годишна панел дебата, тркалезна маса, кратки видеа на економски теми, коавторирање и менторирање економска емисија/текст во медиумите, гостување на економските факултети, производтво на графикони, инфографикони, ГИФ-ови, како и учество во медиумите преку кратки изјави и интервјуа. Третиот резултат ќе се постигне преку следните активности: подготовка и публикација на прирачник за методи за анализа на економски податоци, надградба на аналитичките публикации на ФТ, како и ре-таргетирање на дисеминацијата на аналитичките публикации.

 

Времетраење: Мај 2017 – Јули 2018

Донатор: Цивика Мобилитас

 

***

Конкурс за есеј од млади економисти

 

Recommended Posts