Општата цел на акцијата е да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки, на национално и локално ниво, и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари.

Специфичните цели на акцијата вклучуваат:

  1. Да направи анализа и мониторинг на буџетското трошење за постојните антикризни мерки, во три сегменти: 1) мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на национално и локално ниво, 2) мерки за помош на фирмите, 3) мерки во делот на земјоделието и обезбедувањето храна, а во контект на ефективно и ефикасно трошење на народните пари;
  2. Да даде предлози за модификација на постојните и нови мерки, врз основа на потребата за нивна насоченост/ таргетираност и за рационализација на буџетското трошење во услови на „скапи пари“;
  3. Да ја подигне јавната свест за потребата од фискална консолидација и рационално трошење на јавните пари во услови на повеќекратни кризи.

 

Донатор: Цивика Мобилитас

Времетраење: Јануари – Октомври 2023

Recommended Posts